Македонија
Протест на СДСМ в петок во општина Аеродром
СДСМ в петок ќе организира протест пред зградата на општина Аеродром, најави партискиот портпарол Емилијан Станковиќ.
СДСМ в петок ќе организира протест пред зградата на општина Аеродром, најави партискиот портпарол Емилијан Станковиќ.
Причината за протестот е, како што ја нарекоа, саботажата на нивната трибина што требало да се одржи во општината.
Според Станковиќ, откако партијата најавила одржување на трибина за в среда во сала на приватна фирма и платила за наемот, биле известени дека договорот се откажува. Причината за ова, според Станковиќ, се притисоци од власта.
„Сопствениците на приватните фирми се исплашени јавно да проговорат какви сè притисоци трпат од страна на ВМРО ДПМНЕ и нејзините градоначалници. СДСМ ја прифаќа фрлената ракавица! Бидејќи очигледно миленикот на ‘фамилијата’ Ивица Коневски сака да го надмине својот идол Груевски во своите тоталитарни постапки, ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста дека во петок, на 16 март, пред зградата на општина Аеродром ќе организираме протестен собир со почеток во 18:00 часот. Заедно со жителите на Аеродром ќе испратиме јасна порака дека самоволието на ВМРО ДПМНЕ е недозволиво“, изјави Станковиќ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

