Свет
Мексиканскиот тајкун Карлос Слим Хел најбогат човек на светот
Мексиканскиот телекомуникациски тајкун Карлос Слим Хел е на врвот на листата на Форбс за светски милијардер за 2010 , симнувајќи го од тронот основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кој ја имаше титулата на најбогат човек на светот 14 пати во последните 15 години.
Мексиканскиот телекомуникациски тајкун Карлос Слим Хел е на врвот на листата на Форбс за светски милијардер за 2010 , симнувајќи го од тронот основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кој ја имаше титулата на најбогат човек на светот 14 пати во последните 15 години.
Благодарение на растот на своите различни телекомуникациски – холдинг компании, вклучувајќи и го и мобилниот телефонски гигант Amerika Movil, мексиканскиот тајкун Карлос Слим Хел го победи Американецот Бил Гејтс и Варен Бафет и го освои врвот на листата на Форбс милијардери.
Неговото богатство се проценува на 53,5 милијарди долари, а за 12 месеци зголемено е за 18,5 милијарди долари. Гејтс со 53 милијарди долари го зазеде второто место. Тој е побогат за 13 милијарди долари во однос на претходната година, а делот во Мајкрософт порасна за 50 отсто за 12 месеци.
Третото место го зазеде Ворен Бафет чие богатство скокна за 10 милијарди долари на 47 милијарди долари.Повеќето од најбогатите луѓе на планетата го зголемиле своето богатство во последните година дена, наведува Форбс.
Оваа година светските милијардери имаат просечна нето вредност од 3,5 милијарди долари, што е за 500 милиони долари повеќе отколку претходните 12 месеци.
Во светот има 1.011 милијардери, повеќе во однос на минатата година кога беа 793, но сеуште зад рекордот од 2008 година кога имаше 1.125 милијардери. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

