Македонија
Познати победниците на „Детски семафор“
Дајана Таневска, Алмина Смаиловиќ, Милан Дамјаноски и Мартин Магденоски се победниците на овогодишниот државен натпревар „Детски семафор“ и претставници на Европскиот натпревар кој оваа година за првпат ќе се одржи во Македонија.
Дајана Таневска, Алмина Смаиловиќ, Милан Дамјаноски и Мартин Магденоски се победниците на овогодишниот државен натпревар „Детски семафор“ и претставници на Европскиот натпревар кој оваа година за првпат ќе се одржи во Македонија.
Државните натпревари беа одржани на 29 мај во салата на ОУ. „Војдан Чернодрински“ во Скопје.
„Во „Детски Семафор“ учествуваа 16 екипи од осум региони со вкупно 96 натпреварувачи, додека во натпреварите „Сообраќајно-техничка култура на младите“ учествуваа 8 екипи со 28 натпреварувачи“ рече, портпарол на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) Тоше Јанев.
На прес-конференцијата беа презентирани и едукативните табли со сообраќајни знаци и електронските тестови од областа на сообраќајните правила и прописи.
„РСБСП подготви табли со сообраќајни знаци кои до крајот на месец јуни Советот ќе ги донира во секое основно и средно училиште во земјата“ рече, секретарот на Советот Љупчо Ставревски.
Тој потенцираше дека оваа активност е насочена пред се кон учениците, а со цел поголема едукација за сообраќајните знаци заради безбедно учество во сообраќајот.
„Советот изработи и електронски тестови од областа на сообраќајните правила и прописи кои се ставени на веб страната на РСБСП им се достапни на сите ученици и оние кои сакаат да се запознаат или да го обноват знаењето од областа на сообраќајните правила и прописи“ рече Ставрески.
Сите овие активности се со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот од секој аспект, намалување на бројот на загинати./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на Трамп: Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД
„Лидерите на коалицијата ВЛЕН, присутни во срцето на инаугурацијата на претседателот Трамп, силно ја покажуваат својата посветеност на интересите на Албанците во Северна Македонија. Ова големо учество во светската престолнина, Соединетите Американски Држави, е историски момент што ги покажува нашите блиски врски со западната демократија и нејзините вредности“, велат од ВЛЕН.
„ВЛЕН е таму за да покаже дека Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД. Но, оваа љубов кон Америка честопати ја злоупотребуваа некои нечесни политичари, кои го искористија ова благородно чувство за да се збогатат и да ги газат интересите на народот.
Албанците сега знаат, ВЛЕН е вистинскиот глас на албанските интереси и сојузи со САД! Коалицијата ВЛЕН е силата која носи вистински промени и е надеж за иднината на Албанците! Сите сега знаат дека со ВЛЕН, Албанците ќе имаат светла иднина!“, соопштуваат од ВЛЕН.
Скопје
Стефковски: Три години мандат – нула денари трошоци за репрезентација
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вети отчетно, транспарентно и домаќинско работење и изминатите три години тоа го покажа на дело, велат од општината.
Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот Стефковски информира дека во изминатите 3 години од мандатот не се потрошени ниту еден денар средства од буџетот на општина Гази Баба за репрезентација, службено возило за градоначалникот и дневници за патувања во странство.
„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии. На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа. Довербата од граѓаните за мене значи чест, а пред и над се одговорност“, пишува градоначалникот Стефковски.
Оваа пракса на некористење на буџетски средства за непродуктивни трошоци е воведена со доаѓањето на Стефковски за градоначалник на Гази Баба, се додава во соопштението од општината.
Македонија
МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот
На свечен настан кој се одржа во UTOPIA private business club, МИНТ Финтек Групацијата беше почестена со признание за нивната поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, на Марјан Вучковиќ, кој раководи со маркетинг секторот на МИНТ Финтек Групацијата.
Настанот, кој собра сите спонзори и поддржувачи на фестивалот, беше одлична можност да се потврди успешната соработка и значајната улога на бизнис заедницата во поддршката на уметноста и културните настани.
МИНТ Финтек Групацијата, со својата посветеност на иновации и напредок, гордо стои зад визијата на фестивалот за истакнување на уметноста на филмската камера и поддршка на филмската индустрија во регионот. Ова признание претставува поттик за идни заеднички проекти кои ќе ги поврзат технологијата и културата во нови и возбудливи форми.
ПР