Македонија
Македонските уметници: Визна либерализација за Македонија
Македонските уметници имаат потреба од визна либерализација за да можат полесно да ја презентираат македонската култура надвор од државата
Македонските уметници имаат потреба од визна либерализација за да можат полесно да ја презентираат македонската култура надвор од државата.
Ова е заедничкиот став на големиот број истакнати македонски уметници кои денеска учествуваа на дебатата „Уметниците за визната либерализација“ во Скопје посветена на прашањето за визна либерализација и потребата од истата.
Претставниците на различни уметнички сфери го споделија своето искуство со визната бариера и го искажаа својот став за придобивките од укинувањето на визите за разменување на културните искуства со светот.
Дебатата ја отвори министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска која истакна дека станува збор за една значајна тема за Македонија и за културата воопшто, како и за уметничката и креативната моќ на нашите уметници.
Истакнатиот македонски сликар Александар Станковски посочи дека „калимеровска приказна“ е метафора за нашата земја и проблемот со визната либерализација.
Тој рече дека одлучил да не оди никаде каде што е поканет да изложува, туку ги праќа само неговите дела и со тоа го искажува протестот кон визната бариера.
Директорката на македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ рече оти музичарите од нејзината институција многу често се спречени да отпатуваат надвор од државата и да ја претстават македонската уметност токму поради потребата од визи.
Дел од уметниците, истовремено и директори на културни институции, посочија дека уметниците се во првата борбена линија за претставување на македонската култура, но постојат големи проблеми со чекањето во ред за добивање виза, која што многу често е во траење и од само неколку дена.
Режисерот и новинар, Игор Ивковиќ во рамки на своето излагање рече дека Македонија иако се наоѓа во Европа, македонските уметници некогаш многу полесно добиваат визи од САД; Канада, па дури и од држави на Далечниот Исток.
Некои од учесниците на дебатата сепак посочија дека немале проблеми со добивање визи. Тие ја истакна потребата од укинување на визите за сите Македонци без оглед на професијата./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на средби со технолошки лидери во САД: разговарано за теми од клучно значење за развојот на безбедна дигитална инфраструктура
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers).
На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои: вештачка интелигенција и нови технологии со фокус на доверливост и валидација, сајбер безбедност и национална сајбер-отпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.
Средбата вклучи разговори со Beth Meinert (виш потпретседател и генерален директор), како и со Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност, и како институциите можат да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Министерот Андоновски имаше можност да го посети и иновацискиот центар за истражување на MITRE, известува Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски заедно со владината делегација, која ја сочинуваат Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, и Златко Перински, Министер за локална самоуправа, остварија средба и со претставници на Microsoft, при што разговараа со Коззета Гарет, General Manager for Cyber Security Services во Microsoft, за актуелни предизвици и можности за унапредување на сајбер безбедноста, зајакнување на отпорноста на јавните системи и поддршка на дигиталната трансформација.
Делегацијата во САД ќе присуствува и на Молитвениот појадок, како дел од официјалната агенда на посетата.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

