Свет
Кина повика на соработка меѓу Иран и МААЕ
Кина го повика Иран да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која објави дека Исламската Република ја попречува работата во нејзината земја, недопуштајки дел од нејзините инспектори да вршат проверки на нуклеарните објекти.
Кина го повика Иран да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која објави дека Исламската Република ја попречува работата во нејзината земја, недопуштајки дел од нејзините инспектори да вршат проверки на нуклеарните објекти. Според извештајот на МААЕ, Иран не дозволува пристап на дел од инспекторите на агенцијата до нуклеарните објекти. МААЕ изрази и загриженост околу активностите на Иран, поврзани со развојот на нуклеарното оружје и го повика Техеран да ја зајакне соработката со агенцијата, и да обезбеди пристап до релевантните места без понатамошни одложувања. „Се надеваме дека Иран и агенцијата може целосно да соработуваат и да изградат доверба во меѓународната заедница “ изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи и додаде дека Кина ја поддржа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која го повикува Иран да се откаже од спорните нуклеарни активности, за кои западните земји сметаат дека се насочени кон производство на нуклеарна оружје./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) На рудари во нелегален рудник за злато во Јужна Африка им била скратена храна и вода, извлечени се 60 тела
Јужноафриканските власти извлекоа најмалку 60 тела од окното на затворениот рудник за злато на повеќе од два километри под земја, каде што се стравува дека има повеќе заробени, по опсадата како дел од борбата против нелегалното ископување.
Опсадата на рудникот, која започна во август во градот Стилфонтејн, на околу 150 километри од Јоханесбург, го прекина снабдувањето со храна и вода во обид да ги принуди рударите да излезат на површината за да бидат уапсени.
Властите вчера почнаа да користат метален кафез за да почнат да ги извлекуваат луѓето и телата од окното, а се очекува да бидат потребни денови. „Не знам точно колку луѓе се уште се таму“, изјави јужноафриканскиот министер за полиција Сензо Мчуну за телевизијата eNCA доцна во вторникот.
„Фокусирани сме да дојдеме до нив, да им помогнеме да излезат. Тешко е да се каже кога ќе бидат извлечени сите рудари, нагласи тој.
Во вторникот, 106 преживеани беа извлечени и уапсени поради нелегално ископување. Еден ден претходно, бројката беше 26. Јужноафриканската индустрија за благородни метали со децении се бори со нелегално ископување, што ја чини владата и индустријата стотици милиони долари годишно поради изгубени продажби, даноци и хонорари, проценува телото на рударската индустрија.
Нелегалното ископување главно е фокусирано на рудници што компаниите ги напуштија бидејќи повеќе не се комерцијално исплатливи. Нелиценцирани рудари потоа влегуваат во нив за да извлечат се што можеби останало.
Јужноафриканската влада соопшти дека опсадата на рудникот Стилфонтејн е неопходна за да се спротивстави на илегалното ископување, што министерот за рударство Гведе Манташе го нарече „војна против економијата“. Но, жителите и групите за човекови права ги критикуваат напорите на владата.
Свет
Градоначалничката на Лос Анџелес издаде наредба за обнова на домовите погодени од шумски пожари
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бес, издаде извршна наредба за обнова на домовите и деловните објекти уништени за време на шумските пожари во округот Лос Анџелес, кои изгореа повеќе од 40.000 хектари и уништија повеќе од 12.000 објекти.
Според уредбата, градските агенции ќе го забрзаат одобрувањето на привремените дозволи за 1.400 станбени единици кои се речиси завршени, а ќе се формираат „Работна група за отстранување остатоци“ и „Работна група за опасност од лизгање на земјиште“ кои ќе развијат планови за отстранување и ублажување на отпадот, ризик од поплави и лизгање на земјиштето по пожарот, пишува ABC News.
Регулативата, исто така, наложува забрзување на процесот на одобрување градежна дозвола, со цел да се заврши разгледувањето на барањата во рок од 30 дена.
За зградите што се реконструираат, од градските агенции ќе се бара да ги обработат потребните дозволи и потврди за користење во рок од пет работни дена.
Градоначалничката додаде дека „сите напори ќе бидат насочени кон решавање на административните пречки со цел да се забрза реконструкцијата со взаемна помош, здрав разум и сочувство“.
Регион
Дачиќ: Инцидентот на Правниот факултет нема политичка позадина
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ утрово изјави дека е „неспорно“ утврдено оти инцидентот на Правниот факултет во Белград, кога неколку студенти се здобија со полесни повреди, нема политичка позадина и дека е „апсолутно сигурно“ дека „никој однадвор не донел било кого на тој факултет“ за таму да направи инциденти.
„Тој настан нема никаква врска со државните органи, полицијата, безбедносните служби. Не станува збор ниту за членови на политички партии“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).
Наведе дека малолетник, кој не е студент, пријавил дека некој го малтретира пред Правниот факултет, поради што полицијата дошла и го привела пријавениот дури подоцна утрото кога било објавено на социјалните мрежи дека имало инциденти, полицајците, студентите од Правниот факултет, кои имале полесни физички повреди, ги прашале што се случило.
„Но, не сакаа да одговорат, па ќе се изјаснат денеска во 15 часот, затоа ги поканив студентите да се изјаснат за да знаеме за што се работи“, рече Дачиќ.
Тој кажа дека синоќа биле сослушани девет лица, од кои четворица биле задржани во полиција 48 часа, како и две ученички од други факултети и две средношколки кои биле со нив.
Дачиќ, денеска изјави дека опозицијата одбива да учествува на советодавниот референдум со кој ќе се провери поддршката од граѓаните за претседателот Александар Вучиќ, бидејќи знае кој би бил резултатот.
„Ова е лакмусов тест, можете да видите дека имате работа со политичари кои сакаат власт, но ако е можно без избори, бидејќи од нив не можат да добијат никакви добри резултати“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).