Свет
На Филипини убиена словенечка новинарка
Ника Бохинц, реномирана филмска критичарка и новинарка, и нејзиниот колега Алксис Тиосеко биле убиени близу главниот град Манила
Според информациите на словенечките медиуми, 30-годишната новинарка Ника Бохинц и нејзиниот партнер налетале на разбојничка заседа од која врз нив било пукано со огнено оружје. Убиството се случило во вторникот доцна навечер во гратчето Квезон Сити, откако Бохинц и Тиосеко си дошле во куќата каде ги дочекале засега се’ уште неидентификувани лица. Разбојниците по убиството ги претресле и им ги одзеле вредните предмети, ја пребарале куќата и со пленот побегнале со автомобил.Полицијата за истрелите биле известена од приватниот возач на соседите на убиените, кој изјавил дека чул вкупно четири истрели во огнено оружје. По доаѓањето на полицијата во куќата, освен телата на убиените новинари, ја нашле и домашната прислужничка која била врзана и оставена на подот. Убиството на Бохинц во средата го потврди Министерството за надворешни работи на Словенији. Таа беше една од организаторите на Љубљанскиот филмски фестивал и претседателка на словенечкото Друштво на филмските критичари. Беше уредник и на магазинот Екран. Нејзиниот партнер Тиосеко, заради кој последно време живеела на релација Словенија – Филипини, беше познат филмски критичар од канадско-филипинско потекло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 лета биле одложени, а десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница „Сафар“, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на учење преку интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите што не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем што им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови „Флајрадар 24“, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.