Македонија
Објавени кредитните рејтинзи за Струмица и Велес
Проектот на УСАИД за локална самоуправа и Македонскиот центар за финансиска обука во соработка со меѓународната агенција за кредитен рејтинг Moody’s Investitor Services, во четвртокот на прес-конференција ги објавија кредитните рејтинзи на Општините Струмица и Велес.
Проектот на УСАИД за локална самоуправа и Македонскиот центар за финансиска обука во соработка со меѓународната агенција за кредитен рејтинг Moody’s Investitor Services, во четвртокот на прес-конференција ги објавија кредитните рејтинзи на Општините Струмица и Велес.
Рејтинзите на Moody’s за општините Струмица и Велес се оценети со Б1, оценка за кредитоспособност. Со тоа овие градови стануваат подобри од Киев, исти како Истанбул.
„Доделениот Б1 рејтинг на општина Велес ја одразува неговата флексибилна расходна политика која и овозможи да ја задржи фискалната рамнотежа во текот на децентрализацијата“, рече Питер Винс, потпретседател на Мудис за Централна Европа.
Тој додаде,„одржувањето пак на здравите оперативни резултати на општината Струмица ќе биде особено значајно за нејзината кредитоспособност во наредните години“.
Рејтингот Б1 доделен за општина Струмица е поддржан од добрите финансиски резултати на општината, нејзината соодветна ликвидност и непостоењето на директен долг.
Со проектот на УСАИД за локална самоуправа се додели гарант за јакнење на капацитетите за кредитен рејтинг на Македонскиот центар за финансиска обука и со тоа им се овозможи на локалните самоуправи во Македонија достапна експертиза за развој на нивните стратегии за финансирање на долгорочните капитални потреби.
Велес и Струмица го добија првиот рејтинг.
Рејтингот што го добија двете општини ќе им послужи полесно да ги добиваат кредитите што ги бараат од меѓународните финансиски институции за да инвестираат во инфраструктурата.
Ќе можат да издаваат и обврзници, но за таква опција ќе размислуваат откако ќе помине кризата.
Велат ова е уште еден чекор кон создавање силни општини, помалку зависни од централната власт.крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

