Економија
Зајакнаа европските акции по пораките на Фед за каматните стапки
Европските акции зајакнаа денеска, поткрепени од најавите на американската централна банка Фед за каматните стапки и обновените надежи во договор за грчкиот долг.
Европските акции зајакнаа денеска, поткрепени од најавите на американската централна банка Фед за каматните стапки и обновените надежи во договор за грчкиот долг.Индексот на Лондонската берза FTSE зајакна 1,1 отсто на 5.785 бодови, индексот на Франкфуртската берза DAX за 1,5 отсто на 6.515 бодови, додека париски CAC беше во плус 1,2 отсто и изнесуваше 3.351 бод.Фед синоќа најави дека најверојатно ќе ги задржи каматните стапки близу до нула најмалку до втората половина на 2014 година, многу подолго од очекувањата на инвеститорите и 18 месеци подолго од она што Фед го предложи лани.Во такво окружение денеска зајакнаа цикличните акции на рударските и металските компании, па Rio Tinto доби на вредност 4,1 отсто, BHP Billiton 2,8, а ArcelorMittal 2,4 отсто.Carrefour, вториот по големина трговец на мало, скокна за шест отсто врз основа на шпекулациите за реструктуирање на управата.Водечкиот светски производител на мобилни телефони според обемот на продажбата Nokia зајакна 5,4 отсто откако објави подобри од очекуваното тримесечни податоци за основната добивка.Растот на европските берзански индекси беше поттикнат од шпекулациите за напредокот на преговорите за грчкиот долг, што придонесе за качување на еврото на највисоко ниво во однос на доларот во изминатите пет недели.Расположението го подигнаа и медиумските информации дека приватните доверители се подготвени да ја променат „последната понуда“ според која минималната прифатлива вредност на каматите на новите грчки обврзници е поставена на четири отсто. Со тоа би требало да се добие трката со времето и да се спречи грчки банкрот.Фокусот на инвеститорите сега се врти кон Португалија, земја што се смета за идна жртва на должничката криза во еврозоната. Приносите на португалските петгодишни и десетгодишни државни обврзници го достигнаа највисокото ниво во историјата на еврото врз основа на стравувањата дека на земјата и е потребен втор пакет помош или реструктуирање на долгот.Индексот на берзата во Токио Nikkei го затвори тргувањето во минус 0,4 отсто на 8.849 бодови. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

