Македонија
ДЗС ги пренасочи авионите кон пожарот во Чашка
Дирекцијата за заштита и спасување ги повлече противпожарните авиони од Националниот парк Јасен и ги пренасочи на гаснење на пожарот во општина Чашка, село Лисиче, Бањица и Дреново на врвот на планината Бреза.
„Вработените од Македонски шуми го напуштиле местото на пожарот и бидејќи нема ангажирани луѓе на терен, беспредметно е дејствувањето на противпожарни авиони. За оваа состојба се известени директорот на Македонски шуми, како и одговорното лице за заштита на шумите со цел во пократок можен рок да ангажираат вработени за справување со пожарот во општина Чашка“, соопштуваат од ДЗС.
Пожарот во националниот пакр „Јасен“, како што соопшти Центарот за управување со кризи, во еден дел беше ставен под контрола. Пожарот сé уште е активен во атарот на селата Тажево и Брезница, од страната на Македонски Брод.
Нов пожар во петок попладне избувна кај село Црешнево, во Македонски Борд, во близина на селото Тажево.
Локализиран е пожарот во атарот на селата Брест и Стрима, а пожартие кај скопските села Радуша и Никиштани и тетовските Ларце и Сиричино се изгаснати. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

