Свет
Голем протест во Лондон пред самитот на Г20
Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Лондон со цел пред самитот на Г20 закажан за в четврток да повикаат на акција против сиромаштијатa
Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Лондон со цел пред самитот на Г20 закажан за в четврток да повикаат на акција против сиромаштијата и климатските промени.
Протестниот собир би можел да биде најголем во главниот град на Велика Британија по оној што се одржа во 2003 година против ракот на Ирак.
Главниот слоган на протестот гласи „Дајте им предност на луѓето“, а го подготви коалиција од над 150 организации, меѓу кои има синдикати, хуманитарни агенции, верски организации и групи за заштита на околината.
Слични протести за денеска се предвидени и во Берлин, Франкфурт и Париз, додека од понеделник до четврток се очекува продолжување на протестот во Лондон непосредно пред самитот Г20 што на 2. април ќе се одржи во градот.
„Овој дан го одбележува раѓањето на можниот прогресивен глас“, истакна Брендан Барбер, главен секретар на британската синдикална конфедерација „Трејдс Јунион Прогрес“.
И покрај тоа што некои демонстранти ги истакнаа слоганите како што се „Да ги обесиме банкарите“ и „Да ги ограбиме банките“., организаторите најавуваат дека протестите ќе бидат мирни./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

