Македонија
Претседателот Иванов со сочуство за земјотресот во Чиле

Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочуство до претседателот на Чиле, Мишел Бачеле по повод катастрофалниот земјотрес што во саботата ја погоди оваа јужноамериканска држава.
Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочуство до претседателот на Чиле, Мишел Бачеле по повод катастрофалниот земјотрес што во саботата ја погоди оваа јужноамериканска држава. „Претседателот Иванов во свое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија изрази жалење за изгубените животи и за големите и ненадоместливи штети и изрази увереност дека меѓународната солидарност и хуманост ќе помогнат да се ублажат последиците од оваа невидена трагедија“, соопштуваат од претседателскиот кабинет. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски: Индустриското производство во мај е зголемено за 9,4 проценти, споредбено со минатата година

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави:
„Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на Реплек, каде што сме денеска. Да го поздравиме сето ова што го прави менаџментот тука и да ги охрабриме да продолжат во таа насока.
Раст од 9,4% речиси двоцифрен раст на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9% на преработувачката индустрија во мај, е нешто коешто навистина за нас е многу значајно“, вели Мицкоски.
Додаде дека ако се земе периодот од почетокот на годината заклучно со мај месец, односно првите 5 месеци споредено со истиот период лани, растот е над 3 проценти, однсоно е 3,3%, а кај преработувачката индустрија 4,5%.
„Можам слободно да заклучам дека периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, сега почнуваме преку овие индикатори да генерираме раст. Туризмот расте со повеќе од 20% и расте индустриското производство, растат инвестициите и така натаму. Ценам дека вториот квартал, би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија.“
Македонија
(Видео) Манојловска: Се редат скандали во општина Куманово, фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните. Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини, кажа на прес-конференција Марина Манојловска, претседателка на Форум на Жени на СДСМ Куманово.
Општината, како што рече таа, скллучила договори за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје, во сопственост на Рафис Камберовски.
„Истовремено, надзор над тие исти проекти го вршела фирмата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопственост на Муарем Камберовски. Двајцата Камберовски се блиски роднини. Значи едниот роднина Камберовски гради, другиот роднина Камберовски демек го контролира.
Па кај го има ова? Во Куманово, со Максим Димитриевск“, кажа таа.
Прашува, ова ли е начинот на кој градоначалникот Димитриевски ја разбира „чесната и домаќинска“ работа.
Ова, како што додава, е основано сомнение за судир на интереси, непотизам и фаворизирање на роднински фирми, злоупотреба на јавните средства на граѓаните на Куманово.
Прашањето, вели таа, е кој е интересот на Максим Димитриевски.
„Дали зад доделувањето на тендери на роднини во суштина се крие бизнис интерес на Димитриевски“.
Го повикуваат Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, итно да се вклучат и да ги испитаат сите сомнежи за коруптивно однесување во овој случај.
Граѓаните на Куманово, додава таа, заслужуваат транспарентна, отчетна и одговорна локална власт.
„А не власт која ја движи само бизнис интересот на градоначалникот“.
Македонија
СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на Буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска расправа за ребалансот на Буџетот.
Таа најави дека СДСМ поднесува 160 амандмани со кои се бара поддршка за итна корекција на, како што рече, штетните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.
„Со овој ребаланс нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани, нема пари за повисоки плати, нема нови мерки за заштита на стандардот. Владата крати од граѓаните, за да си го зголеми луксузот“, рече Лукаревска.
Таа кажа дека клучни амандмани што СДСМ ги предлага:
-934 милиони денари за поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани
-60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани, 20 милиони за нова медицинска опрема
-Медицинска опрема, магнетни резонанци, дефибрилатори, вентилатори, боци со кислород и инсулин
-10% зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование
-Бесплатен превоз за ученици од рурални средини
-Зголемени стипендии и поддршка за студенти од социјално ранливи семејства
-Повеќе пари во инфраструктура: за нови училишта, патишта, канализации, здравствени установи, градинки, домови за стари лица, повеќе пари за Сојузот на борци.
„Ова се реални и одговорни предлози. За нив има пари – ако се скрати расипничкото трошење на Владата. Наместо папаја, манго и приватни авиони за функционерите, време е парите да одат кај народот“, нагласи Лукаревска.
СДСМ апелира до сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да ги поддржат овие амандмани.
„Ова не е момент за партиска калкулација, туку за солидарност, одговорност и праведност. Македонија заслужува повеќе!“, порача Лукаревска.