Македонија
Делегација на МO и АРМ во посета на македонските мировници во Авганистан
Делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, предводена од министерот Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски од денеска престојува во посета на Авганистан
Во рамки на традиционалната велигдeнска посета на македонските мировници во Авганистан, делегацијата ќе ги посети припадниците на АРМ во мисијата ИСАФ, а предвидени се средби со амбасадорите на НАТО и на САД во Авганистан и авганистански власти кои ќе бидат во насока на продолжување на досегашната соработка во областа на одбраната. Република Македонија во мировната мисија ИСАФ во Авганистан во моментов учествува со 242 војника, од кои 150 се редовни ротации во командата на ИСАФ, а дополнителните 79 што пристигнаа пред околу една недела допрва ќе бидат распоредени и заедно со американската Национална гарда на Вермонт ќе учествуваат во мисијата за обука и менторство на Авганистанските безбедносни сили. Во мисијата ИСАФ во Авганистан македонската армија почна со учество во август 2002 со симболично испраќање на двајца офицери во рамките на турскиот контингент, бројката постепено се зголемуваше со ротација на 1.264 македонски мировници и во национален придонес кој е еден од најголемите по глава на жител во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

