Македонија
Потврден случај на грипот А во Македонија
Високосомнителен случај на пациент заразен со новиот грип А H1N1 регистриран е во Македонија, но за официјална потврда ќе се чека резултатот од
Високосомнителен случај на пациент заразен со новиот грип А H1N1 регистриран е во Македонија, но за официјална потврда ќе се чека резултатот од лабораторијата во Лондон
Ова денеска на прес конференција во Скопје го соопшти министерот за здравство Бујар Османи, нагласувајќи дека нема место за паника.
Се работи за дете на четиригодишна возраст, кое беше хоспитализирано во сабота на клиниката за Инфективни болести во Скопје, поради симптоми слични на новиот грип H1N1. Детето деновиве допатувало во Прилеп од Австралија преку Лондон.
Османи информираше дека резултатите од првичните анализи покажале присуство на вирусот А кај детето, додавајќи дека материјалите се упатени во Лондон на дополнителни анализи.
Детето, кое е примено во болница со својата мајка, се чувствува добро и симптомите се повлекуваат, изјави директорот на инфективната клиника Звонко Миленковиќ, додавајќи дека мајката нема симптоми на грип, но и е дадена превентивна терапија.
Во хотелот во кој што детето престојувало извршена е дезинфекција, а на братчето, бабата и останатите роднини што биле во близок контакт дадена им е превентивна терапија, додека опстанатите што контактирале со него се советувани да ја следат својата здравствена состојба и во случај на симптоми на грип да се јават на лекар, рече Јованка Костовска од секторот за превентивно здравје при Министерството за здравство.
Министерот Османи информираше дека на клиниката за инфективни болести бил примен и маж од Вевчани со симптоми на новиот грип, но резултатите од првичните анализи не го покажале присуството на вирусот H1N1.
Од превентивни причини материјалите и од пациентот од Вевчани, кој што допатувал од американската држава Њу Џерси, ќе бидат упатени на анализа во Референтната лабораторија во Лондон.
Досега, од појавата на новиот грип во Македонија биле хоспитализирани десет лица со карактеристични симптоми, но ова е првиот позитивен.
Место за паника нема, нагласи Османи, додавајќи дека кога е прогласена пандемија тешко која земја може да биде заобиколена
Тој додаде дека сите капацитети се подготвени, персоналот е обучен за вакви случаи, а имаат заштитен материјал, ракавици, соодветна униформа, се врши надзор на граничните премини и редовно се состанува комисијата за пандемски грип.
Засега нема препорака за набавување на дополнителните 150 илјади кутии од лекот да бидат тамифлу, на кој што реагира доколку грипот се открие во рок од 48 часа, рече Османи, додавајќи дека на залиха има 50.000 кутии.
Сепак се очекува бројот на заболените лица да се зголемува, бидејќи е сезона на годишни одмори, а според Меѓународниот здравствен правилник во случај на пандемија сите земји се должни да ги лекуваат пациентите бесплатно.
Светската здравствена организација пред неколку недели прогласи шести степен на тревога, односно пандемија од новиот грип, кој се појави во Мексико, а досега се заразени над 60 илјади луѓе, од кои починале околу 270. /крај/мп/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

