Економија
Опозицијата обвинува дека новиот ребаланс на буџетот е нереформски
Опозицијата на денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет обвини дека новиот ребаланс на буџетот не е ниту развоен ниту реформски, туку дека тој е најпопулистички и најнеразвоен.
Опозицијата на денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет обвини дека новиот ребаланс на буџетот не е ниту развоен ниту реформски, туку дека тој е најпопулистички и најнеразвоен.
Министерот за финансии Зоран Ставревски рече дека ребалансот на буџетот ја прилагодува јавната потрошувачка со приходите.
„Најмногу се куси кај капиталните расходи за 23 %, кај материјалните трошоци за 5 %. Повеќе пари ќе има за здравството и за социјалата. Ризици до крајот на годината се уште има особено грчката криза, од што практично зависат и проекциите за македонската економија, за тоа дали ќе има уште еден ребаланс до крајот на годината“, рече Ставревски.
Тој рече дека приходите вкупно се пониски од минатогодишните и од планираните за околу три проценти, додека расходите се повисоки за околу еден процент.
„Структурата на зголемените расходи е поволна бидејќи покажува пониска реализација на тековните расходи за еден процент и повисока реализација на капиталните инвестиции за цели 27 проценти“, рече Ставрески.
Според Ставрески, економските индикатори во Македонија покажуваат почетни знаци на заздравувње на економијата коешто согласно очекувањата е нерамномерно.
Претседателот на Комисијата, Јован Манасијевски од ЛДП, рече дека ваквиот ребаланс на буџетот претставува синдром на замор и отсуство на идеи.
Обвини дека власта го крие износот на вистинскиот долг и зголемувањето на дефицитот за 100 милиони денари, како и дека преку буџетот на МВР прави грабеж на граѓаните со околу 8,5 милијарди евра со брзата постапка за издавање на пасошите.
Манасиевски рече дека со ребалансот се крати многу малку од ставката за времените вработувања, кои смета дека ќе бидат над 20.000, а не 5.000 како што тврди власта.
Според него Владата решила да крати од клучната развојна ставка за капиталните инвестиции.
Ставрески реплицираше и рече дека тезите кои ги изнесе Манасијевски се водени од нестрпливост да се дојде на власт.
Социјалдемократите велат дека кратењето на буџетот е премало и голема е веројатноста според нив до крајот на годината да има и втор ребаланс.
Расправата за ребалансот на буџетот на матичната комисија се очекува да трае до крајот на денов, по која ќе следи изјаснување по поднесените вкупно 260 амандмани. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

