Свет
Потона воениот брод на Јужна Кореја
Јужнокорејскиот брод потона близу поморската граница со Северна Кореја по експлозија, а спасени се досега 58 од 104 морнари од неговиот екипаж, соопштил јужнокорејски воен извор, додека Reuters пренесе дека има загинато неколку војници
Портпаролот на владата на Јужна Кореја соопштил дека владата се’ уште ја одржува седницата која беше итно закажана по информацијата за тонењето на бродот. Но тој додал дека се уште не е јасно дали потонувањето на воениот брод на јужнокорејската воена морнарица е последица на вооружен инцидент, односно торпедирање од страна на севернокорејските сили. Јужнокорејската новинска агенција Yonhap претходно објави дека јужнокорејскиот брод пред експлозијата отворил оган врз неидентификуван пловечки објект во близина на местото на инцидентот во правец на севернокорејскиот брег. Меѓуота портпаролот на Генерлаштабот на армијата рекол дека станува збор за јато птици. „Во овој миг се’ уште не е утврдено дали во инцидентот е инволвирана Северна Кореја“, изјавил портпаролот на јужнокорејското претседателство, Ким Еун-Хие, кој нагласил дека претседателот Ли Мун-Бак наредил да се стори се’ за да се спаси екипажот на потонатиот брод, пренесува AFP. Yonhap, повикувајќи се на владин извор, пренесува дека со истрагата се опфатени неколки можни причини за потонувањето: напад на севернокорејски торпеден чамец, мина подметната од морнарицата на Северна Кореја и експлозија на оружјето на самиот јужнокорејски брод. Бродот со носивост 1.400 тони потона во близината на островот Баенгнијеинг во Жолтото Море, по се’ уште неразјаснета експлозија. Воен извор соопштил дека бродот бил пробиен на крмата покрај пропелерот.Засега нема никакви информации од страна на Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

