Македонија
Куќните совети ќе се регистрираат и во наредните денови

На последниот ден од рокот за регистрација на заедниците на сопственици, само до пладнево, во Централниот регистар пристигнаа околу 130 пријави.
На последниот ден од рокот за регистрација на заедниците на сопственици, само до пладнево, во Централниот регистар пристигнаа околу 130 пријави.
Во Централниот регистар до сега се регистрирани нешто повеќе од 500 заедници на сопственици, а уште толку чекаат да бидат регистрирани. Централниот регистар ќе продолжи и во наредните денови да ги регистрира заедниците и покрај тоа што законски тоа е предвидено до денеска.
Граѓаните како и обично чекаат до последниот момент за регистрација, па денеска на шалтерите во Централниот регистар можеше да се забележат вообичаените гужви.
Емил Јакимовски раководител на Секторот за односи со јавност во Централниот регистар вели дека интересот кај граѓаните за регистрација на своите заедници почна да расте во последниве денови, а до крајот на денешниот ден значително да се зголеми бројот на пријавени заедници
„До средината на јули имаше само околу педесетина регистрирани и заинтересираноста беше доста ниска. Адвокатите почнаа да им нудат на граѓаните услуги за да им ги регистрираат заедниците на сопственици за одреден надомест. Со цел да се надмине тоа, ние како Централен регистар изготвивме урнеци, бидејќи знаевме дека граѓаните не можат сами да ги подготват документите“ – вели Јакимовски за Макфакс.
Заедниците на сопственици ќе можат да се регистрираат и по истекот на рокот
„Знаеме дека многу станари се во сама процедура на изготвување на документи, знаеме дека закажуваат постојано состаноци и работат на исполнување на својата законска обврска“ – вели Јакимовски.
Според законот за домување, станарите на една зграда можат да изберат или Претседател или Управител на зградата кој е должен да се грижи за нејзино одржување и за распределување на буџетот.
Според Јакимовски, до сега нема регистрирано ниту една компанија која ќе се занимава со бизнисот Управител на станбената зграда.
Во државава има околу 10 илјади станбени згради, а заедниците на сопственици можат да се регистрираат во сите градови каде Централниот регистар има свои канцеларии, освен во градовите Кратово, Крушево и Демир Хисар.крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.