Свет
Басра предадена на Ирачаните
Ирачките властија презедоа од британските сили контролата врз јужната провинција Басра,пренесуваат западните агенции.
Ирачките власти ја презедоа од британските сили контролата врз јужната провинција Басра, пренесуваат западните агенции.Чинот на примопредавањето започна денеска во британската база на аеродромот во Басра, со читање на строфи од куранот.Басра е деветата от 18-те ирачки провинции, кои ќе бидат во целост под контрола на централната Влада во Багдад.Близу 4,500 британски војници, кои се уште се во Ирак, отсега ќе имаат само помошна улога.Тие ќе бидат ангажирани само ако има такво барање од ирачките власти.Шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд, кој присуствува на свеченоста во Басра, го нарече “голем напредок“ предавањето на ирачките власти на контрола врз истоимената богата јужна провинција.„Ова е симбол на растечката способност на ирачките власти и на подготовката на Ирачаните да ја преземат одговорноста за безбедноста“, изјави Милибанд.Провинцијата беше под контрола на британскиот контингент од 2003 година ./крај/бгнес/афп/ег/ Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.