Свет
Повеќе од две илјади убиства во Сиудат Хуарез за десет месеци
Со бројката од две илјади убиства од почетокот на годинава е поставен новиот црн рекорд во Сиудат Хуарез кој стана еден од најопасните градови во светот
За целата 2008 г. во овој мексикански град беа забележени 1.653 убиства, пресметале мексиканските медиуми. И покрај распоредувањето на 8.500 војници во градот и околината, наркокартелите во Хуарез и во целата сојузна држава Синалоа не ја смалуваат жестината на меѓусебните пресметки и нападите врз полицијата и војската. Во септември пресметката на локалните власти изнесуваше повеќе од 1.700 жртви но медиумите тврдат дека тоа било сокривање на вистинските податоци заради губењето ан викенд туристите од САД. Градот е особено важен за големите криумчари на дрога затоа што низ него минува важен канал за префрлување во САД кој води до Ел Пасо во Тексас.Во понеделникот во градот со речиси милион и пол жители биле најдени уште пет тела меѓу кои едно е на локален адвокат изрешетано со петнаесетина куршуми додека се возел во својот автомобил.Од крајот на 2006 г. Во војната на наркокартелите се убиени околу 14 илјади луѓе. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон распореди 50 илјади војници како засилување за полицијата, но тоа воопшто не влијае врз запирањето на бруталната војна, а припадниците на најозлогласените наркокартели не стравуваат да ги напаѓаат ниту војниците, полицајците и нивните семејства.Трговијата со дрога носи над 60 милијарди долари годишно на САД
За два дена во Мексико убиени 25 лицаМексико распоредува уште војници во борбата против нарко-картелите19 убиени во мафијaшката војна во МексикоНарко-картел организирал масовно бегство од затвор во МексикоБандити убиле 8 мексикански полицајци во акција за ослободување на шефотМексико: Полицијата пронајде девет тела закопани во пустина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

