Македонија
Предлог-законот за попис на населението 2011 на второ читање
Пратениците на продолжението на 121-та седница со 57 гласа „за“ и два „против“ одлучила Предлог-законот за попис на населението и домаќинствата што треба да се одржи во 2011 г., да биде даден на второ читање, со што би се овозможило тој да биде спроведен од 1-ви до 15-ти април следната година
„Законот за попис на населението како најзначајна статистичка операција со многу значајни цели не смее и не треба да биде предмет на каква било политизација. Поради тоа, секој треба да даде придонес за градење однос на доверба за спроведување објективен попис согласно стандардите и препораките на Еуростат и да се информираат граѓаните и да се обезбедат објективни податоци кои ќе ги реализираат целите на пописот“, образложи министерот за правда Михајло Маневски. Флора Кадриу од Нова демократија, партија која најмногу реагираше на предлог-законоѕ за попис на населението, го потврди исклучителнот значење на пописот, нагласувајќи дека од резултатие ќе зависи спроведувањето политички и меѓуетнички односи во државата. Како што рече Кадриу, потребна е јавна расправа на која ќе присуствуваат експерти, за да процесот на пописот биде објективен и транспарентен. Според првичниот нацрт на законот за попис, попишувањето ќе се спроведува на македонски јазик и кирилично писмо, а во деловите од земјата каде над 20 проценти се припадници на немакедонска етничка заедница, населението ќе може да се изјаснува по сопствен избор, на македонски јазик или на јазикот на етничката заедница. Пописот ќе го спроведе Државната пописна комисија, во соработка со Државниот завод за статистика. Државната пописна комисија ќе биде составена од 25 члена именувани од Владата. Првичните резултати ДЗС треба да ги објави 60 дена по завршувањето на пописот, а конечните најдоцна до јули 2011 година. Се очекува во процесот на попишување да учествуваат 18.500 лица, а проценката е дека тој ќе чини околу 14 милиони евра. Во Република Македонија досега се реализирани вкупно осум пописи, а пописот на населението се врши на секои 10 години. Последниот попис беше реализиран во 2002 година. Со донесувањето на Предлог-законот ќе се овозможи во периодот од 1 до 15 април 2011 година во Македoнија да биде спроведен деветтиот попис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

