Свет
Не зедов 100 евра мито туку е наплатена царина
Во Основниот суд во Куманово денеска се одржаа два
одвоени судски процеса против цариници од граничниот премин Деве Баир, обвинети
за примање поткуп.
СУДЕЊЕ НА ЦАРИНИЦИ ОД ГП ДЕВЕ БАИР ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП
Во Основниот суд во Куманово денеска се одржаа два
одвоени судски процеса против цариници од граничниот премин Деве Баир, обвинети
за примање поткуп.
Во Основниот суд во Куманово денеска се одржаа два одвоени судски процеса
против цариници од граничниот премин Деве Баир, обвинети за примање поткуп.
Првпат пред Судот беше изведен Момчило Георгиевски (43) од Крива Паланка.Тој
пред петчлениот Судски совет ја даде својата одбрана, во која го негираше
делото, тврдејќи дека од никого не примал поткуп. Тој пред истражен судија се
бранел со молчење.
"Обвинението не е точно и не се совпаѓа со вистината. Не сум примил поткуп
од 100 евра. Не се сеќавам дали критичната ноќ сум бил на работа, но ако ме има
во распоредот на смената, тогаш е така. Знам дека тогаш наплатив 6-7 царини, но
за конкретниот случај не се сеќавам. Ако имал стока поскапа од 50 евра, тогаш
сигурно сум рекол да си плати. Тврдам дека сигурно му е наплатена царина. Ниту
сум зел 100 евра ниту, пак, тие се најдени кај мене по серискиот број", се
бранеше Георгиевски.
Според обвинението, Георгиевски лани на 10 декември, на граничниот премин Деве
Баир, примил поткуп од 100 евра за да не изврши царинска контрола на багажот на
патник во автобус на "Алпар-туризам", кој патувал од Истанбул. Сега
заштитениот сведок оставил 100 евра во пасошот, кои Георгиевски ги зел.
Продолжението од судењето против цариникот Гоце Стаменковски – Бич беше
одложено бидејки се чека одлука од Апелациониот суд дали во процесот ќе бидат
користени доказите кои се набавени со посебни истражни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бесент за Гренланд: Европа праќа војници, САД нема да ја препуштат безбедноста
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на конференција во Давос порача дека САД спроведуваат „ребаланс на меѓународната трговија“, кој, според него, одамна бил потребен. Според податоците за октомври, трговскиот дефицит на САД е на најниско ниво од 2009 година.
Бесент рече дека светот е побезбеден кога Америка е силна.
На прашањето за ризиците од трговска војна со Европа и прашањето за Гренланд, Бесент одговори дека не е сигурен „каква порака испраќаат тие осум европски земји што испраќаат војници на Гренланд“.
Тој ја обвини Велика Британија дека ја изневерила Америка поради базата на Диего Гарсија, која ја предава на Маурициус. Рече дека САД нема да ја препуштат својата безбедност на други.
Бесент жестоко го нападна гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој претходно го нарекол арогантен. „Можеби е единствениот човек во Калифорнија што знае помалку за економија и од Камала Харис“, рече Бесент.
Го обвини Њусом дека во Давос е со својот „богат спонзор Алекс Сорос“, додека Калифорнија има најголема популација на бездомници во САД.
Свет
Белорусија ја прифаќа поканата на Трамп – ќе се приклучи на „Одборот за мир“
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпишал документ со кој официјално ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување на Белорусија кон новоформираниот „Одбор за мир“, јави државната новинска агенција БелТА, пренесена од „Европска правда“.
„Подготвени сме да бидеме основачи“, изјави Лукашенко, истакнувајќи дека членството не бара никаква парична уплата, спротивно на гласините дека се бара милијарда долари. „Овие болни луѓе пак полудеа. Само треба да го прочитате документот. Пари не се бараат“, рече тој.
Според „Блумберг“, администрацијата на Трамп барала милијарда долари од земјите што сакаат постојано место во „Одборот за мир“, кој во Вашингтон се разгледува како можна алтернатива на Обединетите нации. Повик за приклучување добиле Русија, Белорусија, Канада и неколку европски земји.
Според документот, статутот на одборот ќе се спроведува според процедурите утврдени во писмото на Трамп.
Свет
Трамп и Ердоган разговарале за ситуацијата во Сирија и Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за развојот на настаните во Сирија и Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Сиријската влада, која добива поддршка од Турција, по неколкудневни судири со курдските Сиријски демократски сили (СДФ), сојузници на САД, објави прекин на огнот. Сирија им дала на СДФ четири дена за интеграција во централната држава.
Трамп и Ердоган разговарале и за борбата против Исламска држава и за судбината на нејзините затвореници во сириските затвори. Турција ја смета СДФ за терористичка организација поврзана со ПКК, група што води долгогодишна вооружена борба против турската држава.
Трамп го поканил Ердоган да се приклучи на американската иницијатива „Одбор за мир“ за Газа. Ердоган се заблагодарил и рекол дека Турција ќе продолжи да соработува со САД по тоа прашање. Одборот е одобрен од Советот за безбедност на ОН и има за цел да воспостави меѓународни стабилизациски сили во Газа.

