Македонија
Професор на ДУТ побарал пари од студенти да им држи дополнителна настава

Професор на Државниот тетовски универзитет(ДУТ) е приведен откако од студентите побарал пари да им организира дополнителна настава по неговиот предмет, за да можат подоцна да добијат преодна оценка.
Професор на Државниот тетовски универзитет(ДУТ) е приведен откако од студентите побарал пари да им организира дополнителна настава по неговиот предмет, за да можат подоцна да добијат преодна оценка.Секторот за внатрешни работи Тетово вчера го привело 39 годишниот Ќ.О, инаку редовен професор.Професорот од четворица студенти деновиве побарал по 1.500 денари за организирање на дополнителна настава, но еден од студентите прво го пријавил случајот во полиција, а потоа му ги дале парите, претходно обележани, на професорот. При претресот обележаните новчаници биле пронајдени кај О.Ќ., кој денеска ќе биде изведен пред истражен судија на Основниот суд Тетово. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.