Македонија
Трајаноски: Патриот не може да биде премиер на ФИРОМ
Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) ниту финансирала, ниту ќе финансира партиски активности. Лагите искажани од министерот за финансии Зоран Ставрески, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски, како и лагите напишани во весникот „Бизнис“, преземени од весникот „Вечер“, се само хајка која би ја нарекол „Излажи и побегни“, рече денеска директорот на ФИООМ, Владимир Милчин.
Милчин додаде дека министерот Ставрески се обидел да подметне дека тие ги поставиле темелите на стратегијата наречена „Надеж“, но неговото недоаѓање на дебата минатиот четврток го покажало спротивното.
„Во јуни 2008 година ГЕМ стана дел од предлог-стратегијата и буџетот на ФИООМ за 2009 и 2010 година, значи неколку месеци пред фамозната стратегија „Надеж“. Не знам дали во стратегијата е посочено дека Бранко Црвенковски треба да користи финансиски средства од СОРОС, но знам дека пари од СОРОС не можел да побара бидејќи ФИООМ не финансира политички активности“, рече Милчин.
Милчин рече дека фондацијата има своја мисија, а тоа е Интеграција на Македонија одвнатре како предуслов за интеграција во ЕУ. Тој додава дека доколку Црвенковски навистина бил советуван да воспостави медиумска алтернатива со помош на СОРОС, како што го обвинува Ставрески, се работело за неинформираност на советниците на министерот бидејќи ФИООМ веќе неколку години не дава грантови на медиуми.
Милчин, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски го прашува како планира да стигне во Европа бидејќи неговиот напад кон непартиската критичка мисла го игра прилично несмасно. Според Милчин точна била само информацијата на Бичиклиски дека во јавноста излегуваат многу нечисти информации кои се врзуваат за СОРОС, но и дека никој од нив немал земено и едно евро за својата работа, а и не се давале 310.000 евра за петмина новинари.
Жарко Трајаноски од ГЕМ, најави кривични пријави за сите кои тврдат дека иницијаторите на ГЕМ добивале пари од ФИООМ. Трајаноски, Ставрески го нарече кукавица бидејќи не се појавил на дебата, иако бил поканет, а за Бичиклиски рече дека играл улога на обвинител, судија и јавен џелат со своите клевети. Кривични пријави ќе поднесат и за клеветата дека јавно се залагаат за промена на уставното име, бидејќи никогаш не се залагале за промена на името Република Македонија.
„Секогаш настапуваме како Граѓани за Европска Македонија, а не на ФИРОМ. Точно е дека ги критикуваме груевистите за дволичност и лажен патриотизам, бидејќи Груевски се претставува како патриот, а прифаќа да биде именуван како премиер на ФИРОМ. Ова не е разумен компромис ниту во тавтологијата на претседателот Ѓорѓе Иванов“, рече Трајаноски.
Тој го запраша премиерот како прифатил да членува во Европската народна партија како премиер на ФИРОМ и дали клеветничката кампања против ГЕМ е за да се сокријат тајните договори за менување на уставното име, корупциските скандали за проектот „Скопје 2014“, фактот дека петта година по ред не сме членки на НАТО и ЕУ и многу други тајни кои не треба да излезат во јавност. /крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена
Комуналните инспектори и комуналните редари на општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени.
Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, известуваат од општина Центар.

На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да плати половина од износот на изречената казна.
„Редот мора да се почитува, а безбедноста на пешаците и заштитата на јавниот простор се наши приоритети. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, за да имаме уредна, безбедна и хумана средина за сите,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, со цел заштита на пешаците и јавниот простор.
Македонија
За една недела отстранети 653 кубни метри отпад во Скопје
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 653 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје.
ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што беа подигнати приближно 60 кубни метри мешан комунален отпад од три помали диви депонии.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачи 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број на записници се изготвени во скопската општина Чаир.
Македонија
Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.
Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок.
На крајот од секој семестар, учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка уметност – Скопје, што претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини.
Повеќе информации за програмите на следниот линк: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning
Уписот е во тек и трае до 25.2.2026 год. За дополнителни информации во врска со уписот, обратете се на тел.бр.02-3134345 или на е-пошта: [email protected].
фото/Depositphotos

