Македонија
Нова фасада во класичен стил во центарот на Скопје
Градските власти во вторник започнаа со реконструкција на фасадата на дел од објектот на улицата 11 Октомври број 2, што претставува продолжение на објектот од ресторанот „Пелистер“ кон плоштадот „Пела“.
Градските власти во вторник започнаа со реконструкција на фасадата на дел од објектот на улицата 11 Октомври број 2, што претставува продолжение на објектот од ресторанот „Пелистер“ кон плоштадот „Пела“.За реконструкција на фасадата на овој објект, како што информираат од градот, ќе се употребат природни, автентични материјали – травертин и травертинско терацо во комбинација со завршни декоративни префабрикувани елементи. Фасадата ќе се реконструира во класичен стил. На овој објект, по реконструкцијата на фасадата, ќе биде изведена и илуминација.Проектот за обнова на фасадата на зградата број 2 на улицата 11 Октомври претставува разработка на првонаграденото решение на распишаниот јавен конкурс на авторите од „Жагра-ком“ ДООЕЛ Скопје. На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“.Реконструкцијата на фасадата на овој објект треба да заврши за осум месеци. Градот Скопје во овој проект ќе вложи околу 28,8 милиони денари со вклучен ДДВ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.
Македонија
Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.