Македонија
Започна извлекувањето на патниците за Париз
Вкупно сто граѓани на Македонија вечерва ќе бидат извлечени за патување во Париз, со кое во сабота се одбележува стапувањето во сила на одлуката за укинување на визите.
Вкупно сто граѓани на Македонија вечерва ќе бидат извлечени за патување во Париз, со кое во сабота се одбележува стапувањето во сила на одлуката за укинување на визите.
Извлекувањето се врши јавно на Македонската телевизија, а за патувањето во Париз досега се пријавиле над 10 илјади граѓани, кои поседуваат биометриски пасоши.
Организатор на патувањето е Секретаријатот за евроинтеграции, а првите три патника ги извлече вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.
Запрашан зошто владата се решила ова патување да го организира за Париз, Наумовски одговори дека градот на светлината е еден од најубавите градови на светот и особено е привлечен во деновите пред новогодишните празници.
Предвидено е патниците од Македонија, кои за прв пат ќе влезат во земја членка на шенген зоната без виза, да разгледаат дел од знаменитостите на Париз – Ајфеловата кула, црквата Нотр Дам, Лувр, Елисејските полиња, како и Триумфалната порта./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

