Македонија
Елизабета Јанкуловска, нов директор на Охридско лето
Министерството за култура информира дека на Конкурсот за избор на директор на Националната установа „Охридско лето“ за директор на оваа институција е избрана Елизабета Јанкуловска.
Министерството за култура информира дека на Конкурсот за избор на директор на Националната установа „Охридско лето“ за директор на оваа институција е избрана Елизабета Јанкуловска.Врз основа на предлогот од Комисијата, министерката одлучила дека Јанкуловска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011 до 2015 година, поседува стручни и професионални квалитети за извршување на оваа значајна функција.„Програмата на кандидатот е конципирана во неколку дела кои детално се објаснети поединечно. Она што го издвојува овој кандидат од останатите е донесување на стратегија за работа и развој на установата во периодот 2012-2016 година. Ова укажува на сериозноста на кандидатот, на тенденцијата долгорочно и темелно да се води установата и да се планира нејзиното работење. Од доставената програма јасно се гледа високата професионалност во работењето, способноста за менаџирање и управување во културата, темелност во познавање на состојбите, добиена врз основа на долгогодишната активност во институциите од областа на културата”, се наведува во соопштението на министерството. На конкурсот за избор на директор на „Охридско лето“ бил пријавени шестмина кандидати, од кои само тројца ги исполнуваа критериумите наведени во конкурсот./крај/со/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.