Македонија
ЕВН поднесе тужба против Македонија

Австриски ЕВН и официјално и поднесе тужба на Македонија на арбитража во Вашингтон, без да соопшти колкава отштета ќе бараат од државата
Австриски ЕВН и официјално и поднесе тужба на Македонија на арбитража во Вашингтон, без да соопшти колкава отштета ќе бараат од државата.
„ЕЛЕМ на својата прес-конференција минатиот четврток најави дека конечно ќе оди на извршување и конфискација на средствата на ЕВН. Затоа, моравме да го поднесеме барањето за арбитража во Вашингтон против РМ“, вели Стефан Цах, ЕВН АГ.
ЕВН и денеска повтори дека побарувањата од 6,5 милијарди денари, не се долг на ЕВН кон ЕЛЕМ, туку е на потрошувачите кон електрани, а ЕВН наследил обврска да го наплати од потрошувачите тој стар долг, а откако граѓаните ќе го подмират, ЕВН да му префрли на ЕЛЕМ 50%, тврди австриски ЕВН.
Австријците додаваат дека постои можност да се спречи поголема штета и да се најде излез од кризата, но потенцираат дека „за танго се потребни двајца“. /крај/а1/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)