Македонија
Водачот на „Гробари“, заканувач на новинарка на Б92 уапсен во Скопје
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопшти дека денеска во Скопје е уапсен еден од водачите на навивачите на српскиот фудбалски клуб „Партизан“, Милош Радисављевиќ познат како Кими, за кого Србија
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопшти дека денеска во Скопје е уапсен еден од водачите на навивачите на српскиот фудбалски клуб „Партизан“, Милош Радисављевиќ познат како Кими, за кого Србија имаше издадено потерница поради издржување на затворска казна, јавува српската агенција Бета.
Дачиќ изјавил дека Радисављевиќ бил уапсен во кафуле во центарот на Скопје околу 14 часот во соработка меѓу српската и македонската полиција, а неговиот идентитет бил потврден врз основа на фотографија и признание.
Дачиќ истакна дека моментално се разгледува модалитет за екстрадиција на уапсениот Радисављевиќ, за што ќе одлучат македонските надлежни органи.
Тој е правосилно осуден на шест месеци затвор поради насилничко однесување. Апелациониот суд на 11. јули 2011 година го укина делот од пресудата кој се однесува на загрозување на безбедноста на новинарката на Б92, Бранкица Станковиќ.
Радисављевиќ пред Првиот основен суд во Белград во август 2010. година беше осуден на 16 месеци затвор поради насилничко однесување и загрозување на безбедноста на новинарката Бранкица Станковиќ со скандирање на трибините „Отровна си како змија, ќе поминеш како Чурувија“.
Навивачите на трибините шутираа и удираа кукла која ја претставуваше новинарката на Б92.
По налог на Апелациониот суд, зборовите на песната која се пеела претставувало груба навреда на личноста на Бранкица Станковиќ и загрозување на спокојството на граѓаните.
Во делот на пресудата кој се однесува на загрозувањето на безбедноста на Бранкица Станковиќ, наведува Апелациониот суд, не се изнесени јасни и убедливи причини поради кои се смета дека Радисављевиќ извршил кривично дело.
Апелациониот суд наложи повторно судење за ова. Радисављевиќ е обвинет и за палење на белградската Бајракли џамија во март 2004. година./крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

