Македонија
МЦЕО: Потребно е независно, ефикасно и непристрасно судство
Реформата на судскиот систем, покрај исполнувањето на политичките критериуми, е важен услов за приклучување на Македонија во Европската Унија, сметаат од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)
Како што велат во МЦЕО, Европската Унија, поучена од претходните проширувања, очекува земјите-кандидати целосно да ги исполнат критериуми за членство.Порачуваат дека принципите на англо-саксонското право, што опфаќаат не само примена на Европското право, туку и негово толкување, мора да се применуваат и во македонското судство.„Ние се уште ги немаме имплементирано и не ги имплементираме. Дури 90 отсто од пресудите што се против Република Македонија наоѓаат повреда на правата утврдени во конвенцијата за човекови права. Значи, на тоа ние требаше да се научиме уште 1996-та година кога станавме членка на Советот на Европа. Нормално, сите сфаќаат дека тоа е обемен, тежок и континуиран процес и треба време да се поминат обуки, да се сензитивизираат судиите, да научат да ги читаат изворно пресудите, кои што се на англиски и француски јазик“, вели Неда Коруновска, од МЦЕО.Според Коруновска, во наредниот период треба да се работи на независност, ефикасност и непристрасност на судскиот систем.Европската Унија, во неколку наврати од Македонија побара земјата, покрај на реформите на судството, да се фокусира и на реформата на јавната администрација, како и обезбедувањето на политички дијалог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

