Македонија
Честитка од премиерот до новинарите
По повод Меѓународниот ден на слобода на медиумите, премиерот, Никола Груевски, денеска, испрати честитка до сите новинари во Македонија, и им посака успешно вршење на работата
Професијата новинар, Груевски ја нотира како исклучително важна и значајна, а новинарството вели дека има клучна улога во креирањето на општествените процеси и која на значаен начин ги канализира и интегрира општествените сили и односи. „Во една демократија, новинарите се клучен стожер и носител на тие процеси и нивен вистински квалитативен коректор. Демократските и цивилизациски придобивки ја уживаат својата заштита токму преку внимателното новинарско опсервирање на нивното практицирање. Преку извршувањето на Вашата општествена функција, Вие имате битен придонес во остварувањето на општествена контрола врз власта, легитимирањето и остварувањето на потребите и интересите на граѓаните, и создавањето на услови и амбиент за овозможување на дополнителен развој и напредок на земјата“, вели Груевски во честитката.Тој потенцира дека како човек, и како претседател на Владата, високо ја цени и ја почитува работата на новинарите, а како Влада, „со целиот свој потенцијал и капацитет се трудиме да ја оствариме нашата обврска, да ви ги овозможиме сите потребни услови за вршењето на Вашата работа, да ги заштитиме вашите интереси и професија, и да создадеме амбиент за непречено извршување на вашите работни задачи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

