Македонија
Стејт департмент: Пресудата е можност за заживување на разговорите за името
Би ги повикале политичките лидери во двете земји да ја искористат пресудата како можност повторно да се ангажираат, да ги заживеат напорите по прашањето за името, и да манифестираат лидерство со цел да се најде солуција на прашањето, што ќе биде од корист за двете земји.
Би ги повикале политичките лидери во двете земји да ја искористат пресудата како можност повторно да се ангажираат, да ги заживеат напорите по прашањето за името, и да манифестираат лидерство со цел да се најде солуција на прашањето, што ќе биде од корист за двете земји.
Ова е ставот на американскиот Стејт департмент по објавувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг по однос на тужбата на Македонија против Грција.
Како што јавува Гласот на Америка на македонски јазик, Стејт департментот и натаму продолжува да го поддржува процесот воден под покровителство на Обединетите Нации.
„Ја видовме одлуката што ја донесе Меѓународниот суд на правдата на 5-ти декември за случајот меѓу Македонија и Грција. Како што често правиме со текстови од правна природа, ни беше потребно малку време да ја разгледаме пресудата. Но во основа, мислам дека пред се` би ги повикале политичките лидери во двете земји да ја искористат пресудата како можност повторно да се ангажираат, да ги заживеат напорите по прашањето за името, и да манифестираат лидерство со цел да се најде солуција на прашањето, што ќе биде од корист за двете земји. Се разбира, и натаму продолжуваме да ги поддржуваме напорите на ОН што се предводени од Метју Нимиц“, рече Марк Тонер, портпарол на Стејт Департментот. /крај/voa/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски до пензионерите: Уживајте во зголемените пензии од 2.500 денари
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.
Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва преку видео обраќање на пензионерите им порача да уживаат во повисоките пензии кои од утре ќе се најдат на нивните сметки.
Македонија
До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопшти МНР
До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, рекоа од Министерството.
Денеска силен чад се издига над хоризонтот на јужен Либан откако израелските трупи го нападнаа јужниот град Сидон, на околу 45 километри јужно од Бејрут каде што загинаа најмалку 32 лица, соопштија либанските власти, додека во провинцијата Баалбек Хермел загина 21 лице, а најмалку 47 се ранети.
Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени.
Македонија
Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки што ќе дадат резултати
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и економија и труд Бесар Дурмиши остварија средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
На средбата се разговараше за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.
„Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки“, истакна премиерот Мицкоски.