Македонија
Рикер: Не можеме ние да го решаваме спорот со името
Македонија и Грција се страните што треба да работат на надминување на спорот со името, смета Филип Рикер, заменик-помошник државен секретар на САД.
Македонија и Грција се страните што треба да работат на надминување на спорот со името, смета Филип Рикер, заменик-помошник државен секретар на САД.
На средба со новинарите во Вашингтон, Рикер рече дека решавањето на проблемот не е нешто што некој друг може да го направи.
„Ние тоа не можеме да го сториме за двете земји. Веќе повеќе години ги поттикнуваме. Аплаудиравме на напорите на сега веќе поранешниот премиер Папандреу и премиерот Груевски да се среќаваат и да дискутираат за прашањето, а секако продолжуваме да ги поддржуваме напорите на посредникот на ОН Метју Нимиц“, рече Рикер, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.
Пред две недели, на конгресен распит за состојбите на Балканот, поранешниот амбасадор во НАТО Курт Вокер предложи САД и ЕУ координирано да извршат притисок и да ја реафирмираат валидноста на Времената спогодба, со што Македонија најпрвин би влегла во НАТО под референцата БЈРМ, а потоа би се решавал спорот околу името.
Запрашан за ваквата варијанта, особено во контекст на претстојната пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Рикер потсети на условот на НАТО – прво решение за името, па потоа покана за членство.
„За Меѓународниот суд на правдата, не би сакал да прејудицирам за одлуката. Но, основната ситуација е иста: НАТО мошне јасно наведе и во бројни прилики повтори дека Македонија ќе добие покана да се приклучи по решавањето на прашањето со името. Ние ќе продолжиме да ги охрабруваме Македонија и Грција да соработуваат за да најдат решение што одговара на обете страни, а ние тоа ќе го прифатиме“, рече Рикер.
Поранешниот амбасадор во Македонија рече и дека посредникот Нимиц е на располагање на обете земји, а дека најкусиот пат до решение е доаѓање на иста маса. /крај/voa/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Македонија
Сè повеќе случаи со лажни сообраќајки, охридската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
„Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура“, рече Митески.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност.

