Македонија
Комисијата утврди дека Милчин соработувал со тајните служби
Поранешниот декан и актуелен професор на факултетот за Драмски уметности и директор на Фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин соработувал со тајните служби.
Поранешниот декан и актуелен професор на факултетот за Драмски уметности и директор на Фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин соработувал со тајните служби.
Комисијата за верификација на фактите, попладнево неколку часа заседаваше и го разгледуваше неговото произнесување, односно противење во врска со заклучокот дека соработувал со тајните служби. Денеска членовите донесоа решение дека неговата писмена изјава не одговара со податоците со кои располага Комисијата.
Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев изјави дека одлуката била донесена со мнозинство гласови, но не сакаше да открие колку од членовите на Комисијата гласале „за“, а колку мина биле против. Тој само потврди дека двајца членови на Комисијата не биле присутни, а некои ја напуштиле седницата, но ги негираше информациите дека решението било донесено без кворум.
„Не е точно дека немало кворум кога се носела одлуката. Двајца членови на комисијата не се присутни едниот е повреден, другиот отсутен. Пред гласањето имало напуштање на седницата. Тоа е тип на гласање, тоа е начин на гласање“ вели Аџиев.
Неофицијално, тројца од членовите на Комисијата не се согласувале со постапката и ја напуштиле седницата, тие тврдат дека денешното решение е донесено без потребниот кворум.
Од единаесет членови на Комисијата, двајца биле отсутни, а тројца членови, Јанаќе Витановски, Благоја Гешоски и Чедомир Дамјановски го напуштиле гласањето со што остануваат шестмина членови.
Со овој број на членови, како што брифираат оние кои го напуштиле гласањето не било обезбедено двотретинско мнозинство што е потребно за да се донесе оваа одлука.
Решението на Комисијата ќе биде изготвено денеска и ќе биде доставено до Владимир Милчин, тој има право во рок од осум дена, по примањето на решението, да поднесе тужба пред Управниот суд и евентуална жалба до Вишиот управен суд.
Професорот на Факултетот за драмски уметности, Милчин целата процедура на Комисијата ја оквалификува како политички линч против него. Притоа Милчин обвини дека крајната цел била неговата Фондација, која се борела за слободата и демократијата. Милчин тврди дека бил следен од службите во поранешна Југославија, а не дека соработувал со нив.
Слично на него се жалеше, поранешниот претседател на Уставниот суд, Трнедафил Ивановски. Освен него лустриран беше и лидерот на Сојузот на титови леви сили, Слободан Угриновски, поранешен судија на Врховен суд и двајца кандидати за пратеници кои не влегоа во Парламентот.крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

