Свет
Киднаперот убиен, заложниците ослободени

Вооружениот напаѓач, кој киднапираше пет лица во една банка во Сибир, е убиен, а заложниците се ослободени, соопштија синоќа локалните власти
Вооружениот напаѓач, кој киднапираше пет лица во една банка во Сибир, е убиен, а заложниците се ослободени, соопштија синоќа локалните власти.
Истите извори наведоа дека напаѓачот бил убиен во акција на специјалната полиција.
Вооружениот киднапер затвори пет заложници во подружница на банка во градот ленин-Кузнњецк, барајќи пари и ослободување на еден затвореник.
Две жени успеале да побегнат од банката додека траеле преговорите со киднаперот, за време на кој биле ослободени другите пет заложници./крај/онаса/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ: Заканите на Трамп се сериозни

Неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија, вклучително и заканата од „строго дефинирани тарифи“ против Москва, се сериозни и бараат понатамошна анализа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Трамп вчера најави нови испораки на оружје за Украина и предупреди дека купувачите на рускиот извоз би можеле да се соочат со санкции доколку Русија не се согласи на мировен договор за Украина.
Песков рече дека Владимир Путин ќе ги коментира предлозите само доколку смета дека е потребно.
Зборувајќи за новите испораки на оружје за Киев, Песков рече: „Одлуките донесени во Вашингтон, во земјите од НАТО и директно во Брисел не се перцепираат од Украина како сигнал за мир, туку како сигнал за продолжување на војната“.
Песков, исто така, повтори дека Русија е подготвена да продолжи со директните преговори со Украина и дека сè уште чека сигнал од Киев за тоа кога би можела да се одржи следната рунда мировни преговори.
Свет
Трамп му постави ултиматум на Путин; Аналитичарите: Санкциите би можеле да им наштетат на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го заострува притисокот врз Русија воведувајќи нов ултиматум, односно 50 дена за прекин на огнот во Украина, со закана од секундарни тарифи до 100 проценти за земјите што продолжуваат да купуваат руски енергетски производи, пишува „Дојче веле њуз“.
Во исто време тој најави дополнителни испораки на американско оружје за Украина, со финансиска поддршка од сојузниците на НАТО, како што се Германија, Норвешка и Велика Британија. Но, воените аналитичари предупредуваат дека оваа промена на насоката може да биде краткотрајна.
„Ќе воведеме царини до 100 проценти ако Русија не се согласи на прекин на огнот во рок од 50 дена“, рече Трамп таргетирајќи земји како Кина и Индија, кои продолжуваат да купуваат руска нафта и гас.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус потврди дека Германија е подготвена да финансира дополнителна помош за Украина: „Зборуваме за една милијарда евра за еден комплетен систем ‘Патриот’“, рече Писториус по состанокот во Пентагон.
„Ова е навистина голема работа“, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, коментирајќи ја подготвеноста на Трамп да испорача американско оружје доколку европските сојузници го финансираат. „Ова значи дека Украина добива голема количина нова воена опрема за воздушна одбрана, но и во форма на дополнителни ракети и муниција“, додаде Руте.
Аналитичарите се скептични во врска со трајноста на промената на курсот на Трамп
„Веќе видовме серија ултиматуми од Трамп, кои не ја променија ситуацијата“, рече Џенифер Кавана од вашингтонскиот тинк-тенк Defense Priorities. „Санкциите што Трамп се заканува дека ќе ги воведе би можеле да нанесат поголема штета на американската економија отколку на која било друга“, предупреди Кавана додавајќи дека Трамп се предомислува речиси секоја недела.
За најавените испораки на оружје, таа рече: „Се надеваме дека системите за воздушна одбрана ‘Патриот’, доколку бргу пристигнат во Украина, барем ќе ги заштитат цивилните објекти и ќе спасат животи“. Но, таа исто така посочи на важна политичка промена: „Со објавувањето нов начин за помош на Украина, Трамп ја прави оваа војна своја“. Тоа, рече таа, би можело да му го отежни повлекувањето на помошта за Киев во иднина.
„Општо земено, претпазлив сум со ваквите прогнози или очекувања“, рече Писториус одговарајќи на прашање од германски новинари дали ова е пресвртница во политиката на Трамп. „Но, да, можно е, особено ако, по 50 дена, овие санкции навистина се воведат и ако покажат ефект. Сега многу зависи од многу луѓе од светот да влијаат врз Путин и да го натераат да ја промени својата политика“, додаде тој.
Свет
Фицо: Ако сакате да живеете со волци, мора да завивате со нив

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската комисија ѝ понудила на неговата земја гаранции во врска со планираното прекинување на испораките на руски природен гас во ЕУ во замена за гласање за 18-тиот пакет-санкции против Русија.
Фицо објави дека ќе испрати писмен предлог на ЕУ до лидерите на сите политички партии во Словачка и дека чека нивен одговор, но не ги прецизира деталите за овие гаранции, пренесува TASR.
Тој потсети дека Словачка нема да гласа за пакет-санкциите, кој бара едногласна поддршка од сите земји членки на ЕУ, освен ако Комисијата не ѝ даде барем минимални гаранции за тоа како да се справи со последиците од нејзиниот демагошки и штетен предлог за запирање на протокот на руски гас од 1 јануари 2028 година.
„Опсесијата со Русија е толку голема што немаме шанса да извршиме притисок врз Комисијата да го повлече својот предлог за гасот. Да не зборуваме дека ЕК ќе го протурка овој предлог, дури и ако гласаме против него сто пати, што го сакаме. Никогаш нема да гласаме за оваа лудост на Комисијата“, објави словачкиот премиер.
Фицо исто така изјави дека спорот не може да се добие со 100 % резултат, но не може ниту да се изгуби.
„Ако сакате да живеете со волци, мора да завивате со нив. Ова е, за жал, суровата реалност на сегашната Унија. Затоа мора да се бориме до крај за прифатлив компромис“, рече премиерот на Словачка.
Тој истакна дека гласањето за 18-тиот пакет-санкции треба да се одржи денес или во наредните денови.
„И покрај фактот дека многу би сакал што побргу да го завршам ова тажно поглавје од работата на ЕК, сепак ја задржувам опцијата дека нема да го поддржиме 18-тиот пакет-санкции. Ова ќе биде циркус и уцена за европски средства и обид за соборување на легитимната словачка влада и нејзина замена со послушна Словачка. Но, дури и ваквите самодеструктивни битки понекогаш имаат длабоко морално значење“, рече Фицо.
Во јуни Европската комисија го претстави својот 18-ти пакет-санкции, кој вклучува нови ограничувања за рускиот енергетски и банкарски сектор. Санкциите важат и за трансакции поврзани со проектот „Северен тек“.
Словачка бара компензација од ЕК или исклучок од мапата на патот RePower на ЕУ за постепено отстранување на руските енергетски извори во замена за поддршка на 18-тиот пакет-санкции против Русија.