Свет
Повредени во експлозија кај бритaнската амбасад во Јемен
Експлозијата се случил во среда во близина на Британската амбасада во главниот град на Јемен – Сана, при што има повредени, јави катарската телевизија Al Jazzaira, пренесува Reuters
Според Reuters, кој се повикува и на сопствени извори во безбедносните служби на Јемен, направата експлодирала во близина на возило во кое бил заменикот-шеф на британската дипломатска мисија во оваа земај. Како резултат на несреќата, настрадале случајни минувачи.Според податоците на Agence France Presse, која се повикува на изјави од очевидци, во експлзоијата имало тројца повредени какo поsледiца на активирање на експлозивно полнење или на ракетирање.Според Associated Press во областа блиску до Британската амбасада во времето додека минувал дипломатски конвој со членови од персоналот на дипломатското претставништво, експлодирала минофрлачка граната.Околностите на несреќата, како и податоци за бројот на жртвите се уште не се наведени во ниедени извештај. Исто така, јеменските власти засега немаат никакво официјално соопштение за нападот.Во септември 2008 г. во Сана во напад на исламистичките милитанти на амбасадата на САД загинаа најмалку 16 лица, вклучувајќи и еден американски државјанин. Во април истата година во главниот град на Јемен, се случи експлозија во Царинската управа, кој се наоѓа во близина на италијанската амбасада во центарот на градот. Истиот месец, милитантите поврзани со меѓународната терористичка организација Ал Каеда, во престолнината Сана извршијата напад врз станбен комплекс населен со странски државјани, претежно персонал на странските дипломатски претставништва во Јемен, но притоа немаше повредени и жртви.Во мај годинава, келијата на меѓународната терористичка група Ал Каеда во Арапскиот полуостров, ја презеде одговорноста за нападот од 26-ти април во Јемен, односно за неуспешниот напад врз колона од автомобили на британскиот амбасадор. Бомбаш-самоубиец тогаш активираше експлозивна направа во близина на конвој на автомобили со британскиот амбасадор во Сана, Тимоти Торлот, при што беа ранети тројца случајни минувачи, а мабасадорот не беше повреден.Како што е објавено на една од интернет страниците на екстремистичките исламски организации блиски со Ал Каеда, го обвини британскиот амабсадор за „водење војна против муслиманите на Арапскиот полуостров, во името на својата државата“ и за „помагање и поттикнување на САД во нападот врз исламот“. Јеменската влада ја засили борбата против тероризмот со поддршка на САД по Божик, 25 декември 2009 г. кога државјанинот на Нигерија, Умар Фарук Муталаб се обиде да активира експлозивна направа во авионот на американскиот патнички авион „А330“ над аеродромот во Детроит. Одговорноста за нападот ја презеде келијата на Ал Каеда во Јемен.Јемен е во западнат во сериозни економски и политички тешкотии. Властите се спротиставуваат на милитантите на Ал Каеда, шиитските бунтовници во северниот дел од државата и во последно време се поактивните сепаратистички тенденции на југот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражителите ја пронајдоа клучната причина за несреќата во Шпанија
Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.
Според агенцијата, експертите што ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.
Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.
Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка“ е практично исклучена како причина за несреќата.
Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.
фото/епа
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

