Македонија
Над 30 милиони евра за компаниите од аграрот
На македонските компании од аграрниот сектор во периодот од 2007 до 2010 година, им стојат на располагање 31,5 милиони евра
На македонските компании од аграрниот сектор во периодот од 2007 до 2010 година, им стојат на располагање 31,5 милиони евра од ИПАРД-фондовите за прилагодување кон стандардите на ЕУ.Стопанската комора на Македонија денеска и утре организира работилница за користење на средствата и за подготовка на проекти за добивање неповратни средства од ИПАРД-фондовите.На средбата се повикани заинтересирани од секторот за рурален туризам и земјоделство, преработка и пласман на храна, кои имаат во план да ги прошират и модернизираат производните капацитети./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ – признание за трудот на центарци
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области.
„Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Во категоријата поединци и групи – творци, добитници на наградата се:
– Љупчо Трајковски Фис – композитор, познат по „Дебармаалска елегија“.
– Михаил Арсовски – иноватор и едукатор, награден за постигнувања во природните науки.
Во категоријата наградени ученици и студенти:
– Кристијана Пецалевска – ученичка во V одделение при ООУ „Кочо Рацин“, наградена за натпревари по математика и ликовна уметност.
– Ива Амелија Микулчиќ – ученичка во IV одделение при ООУ „Гоце Делчев“, наградена за постигнувања во пијано.
– Су Али – ученичка во ООУ „Коле Неделковски“, за успеси во модерен танц.
– Дамјан Давидовски – ученик во IX одделение при ООУ „Кочо Рацин“, водечки македонски скијач во категорија јуниори.
– Мила Митровска – ученичка во ООУ „Димитар Миладинов“, за постигнувања во природните науки.
– Паноника Хаџи-Стефанова – ученичка во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, за значајни резултати на регионални натпревари.
Наградените добија дипломи и паричен износ од 20.000 денари.
Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат посветено да ги мотивираат жителите на Центар кон нови успеси, поттикнувајќи ги да бидат амбасадори на креативноста, знаењето и иновативноста.
Скопје
Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден
Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.
Во рамки на одбележувањето во текот на неделата се одржаа повеќе активности во кои беа вклучени учениците. Во подрачното училиште во Мралино се одржаа спортски игри, есенски настан во подрачното училиште во Бунарџик како и ликовна узложба и свечена завршна приредба во централното училиште во Кадино.
Спортската сала во која се одржа свечената приредба беше претесна за да ги прими сите оние кои сакаа да го проследат одбележувањето на 45 годишнината од постоењето на училиштето, а меѓу присутните ученици, родители, поранешни директори и гости беше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Учениците се претставија со богата културно-забавна и уметничка програма, што беше исполнета со драмски точки, рецитали, ритнички вежби, хорска изведба, фолклор. За прекрасно изведените точки учесниците во приредбата беа наградени со бурни аплаузи.
Македонија
ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор. Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.