Македонија
Продолжуваат контролите во врска со топлотниот бран
Во понеделникот од страна на стручни лица беа извршени 39 инспекциски надзори на Државниот инспекторат за труд, во врска со препораките за топлотниот бран
Во периодот од денот кога температурите се највисоки, а според препораките на надлежните институции забранета е активност на вработените на отворено, Државниот инспекторат за труд, изврши 39 инспекциски надзори, од кои 17 редовни и 22 контролни, од областа на безбедност и здравје при работа, на територијата на Република Македонија.
Поради утврдена непосредна опасност по здравјето на вработените, односно високи температури и зголемено УВ зрачење, беа издадени четири решенија за забрана на работа на отворен простор во периодот од 11 до 17 часот. Забраните се изречени согласно со чл.49, став 2 од Закон за безбедност и здравје при работа.
Надзорот продолжуваат и во наредниот период и доколку се утврди непочитување на забраните ќе следуваат и прекршочни пријави од трета категорија во висина од 5000-8000 евра за правниот субјект и од 500 до илјада евра за одговорното лице на правниот субјект.
Исто така, во текот на досегашните контроли утврдени се и други недостатоци и непреземени мерки во согласност со Законот и подзаконските акти, за што ќе бидат изречени прекршочни пријави.
При контролните надзори во понеделникот, не е утврдено прекршување на претходно изречените забрани, соопштија од Државниот инспекторат за труд./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 70 метри има на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата Саса 2, и дел од улицата Саса 4, во општина Кисела Вода;
– Од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Побожје во општина Чучер Сандево;
– Од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улиците Народен Фронт и Васил Говров во општина Центар;
– Од 10:00 до 13:00 часот корисниците ОУ Петар Поп Арсов во општина Карпош.
Скопје
Дел од Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека, поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Речиште бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево од 9.30 часот до завршувањето (општина Кисела Вода).