Вести
Јужна Кореја вети „силен одговор на провокациите"

Јужнокорејската претседатела Парк Гуен-Хи изјави во понеделникот дека нејзината земја ќе упати силен воен одговор на секоја севернокорејска провокација, без оглед на политичките последици, откако Пјонгјанг во текот на викендот објави дека „воведува воена состојба” во однос на југот.
„Доколку има какви и да се провокации против Јужна Кореја и нејзиниот народ, треба да се упати силен воен одговор, баз какви и да се политички реперкусии”, изјавила претседателката Парк Гуен-Хи по средбата со воениот врв и највисоките политички функционери на земјата, пренесува Reuters.
Западот толкуваше дека во саботата Северна Кореја влегува во „воена состојба” со Јужна Кореја, додека Пјонгјанг објасни дека Северна Кореја ќе дејствува „според законите на воена состојба” во случај на провокација против неа, која може да прерасне во „целосна” и „нуклеарна” војна, со што дополнително ескалираше нејзината воинствена реторика во однос на Сеул и Вашингтон, иако според извештаите на теренот ништо не упатува на заклучокот дека овие закани се сериозни.
Двете Кореи кои технички се уште се во воја повеќе од шест децении, откако договор за прекин на огнот беше ставен крај на Корејската војна од 1950 до 1953 година. И покрај безбројните закани последните денови од Пјонгјанг, ниту во САД не гледаат сигнали дека крајно осиромашената комунистичка земја навистина има намера да влезе во целосна војна, ризикувајќи да биде поразена од технички и воено надмоќните противници.
Тензиите на Корејскиот полуостров порасна од февруари годинава која младиот севернокорејски лидер Ким Јонг-Ун нареди тестирање, трето по ред за последните седум години, на нуклеарно оружје, со што ги прекрши резолуциите на Обединетите нации и игнорирајќи ги предупредувањата од својот единствен постојан сојузник Кина.
Во неделата САД испрати во Јужна Кореја радарски невидливи авиони од типот „F-22″ коишто ќе учествуваат во воените вежби коишто се одржуваат веќе една седмица, нагласувајќи ја американската подготвеност да ја брани Јужна Кореја каде што има стационирани 25 илјади војници. Најнапредните авиони ловци во светски рамки „F-22 Raptors” се разместени во Осан, најголемата американска воздухопловна база во Јужна Кореја, а ќе бидат поддршка на американско-јужнокорејските воени маневри.
Севернокорејскиот челник Ким Јонг-Ун на вонредна седница одржана во петокот нареди севернокорејските ракетни системи да бидат ставени во состојба на готовност за напад врз воените бази на САД во Јужна Кореја и во Пацификот. Mладиот комунистички претседател наредбата ја даде на состанокот со генералите, одржана во петокот на полноќ по неколкуте летови на американските „невидливи” бомбардери „B-2″ над Јужна Кореја и оценил дека имајќи ја предвид ситуацијата „дошло време да се решат сметките со империјалистите од САД”.
Два американски „невидливи” нуклеарни бомбардери од типот „B-2″ коишто долетале од воздухопловната база Вајтмен во американската сојузна држава Мисури изведоа во четвртокот воена вежба над Јужна Кореја. Тие летови во рамките на големите заеднички воени маневри кои секоја година ги одржуваат американските и јужнокорејските сили, според соопштението на армијата на САД, ја покажало „способноста на САД брзо и без ограничувања да изведат далекустрелни прецизни удари”. Авионите „B-2″ можат да прелетаат 11 илјади километри без полнење гориво, а наменети се за специјални задачи за стратешко бомбардирање од височини од 15 илјади метри зад непријателските линии. Носивоста изнесува 18 тони конвенционално или нуклеарно вооружување, вклучувајќи и противбункерски бомби./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.