Македонија
Албанија бара ревидирање на билатералниот договор за водите со Македонија
Тирана бара ревизија на билатералниот договор со Македонија за заштита на водите, бидејќи како што истакна албанскиот министер за животна средина Фатмир Медиу
Тирана бара ревизија на билатералниот договор со Македонија за заштита на водите, бидејќи како што истакна албанскиот министер за животна средина Фатмир Медиу, истиот е потпишан пред повеќе децении и не соодветствува со денешните состојби, јавува Охридњус.
Тоа посебно се однесува на Охридското Езеро и заштитата на загрозените ендемски видови пастрмка и белвица. Албанија, исто така, најави измени во националното законодавство, со цел усогласување на мерките за заштита со македонската страна.
„Министерството за животна средина поднесе барање до Владата на Албанија за изедначување на мерките за заштита на Охридското Езеро и рибниот фонд со Македонија, каде на сила е целосна забрана за риболов, но не барајте од мене ставови од премиер да кажам кога тоа ќе биде направено. Постојат одредени недоразбирања меѓу позицијата и опозицијата, но ние во наредниот период планираме да оствариме средба со пратениците во Парламентот за да им ја објасниме потребата од воведување на таквата мерка“, им изјави на новинарите министерот Медиу, кој вчера во Охрид зеде учество на регионалната конференција за интегрирана заштита на речните сливови.
На конференцијата министрите за животна средина од регионот се договорија заеднички да дејствуваат во насока на заштита на речните сливови и водните ресурси кои ги делат. За таа цел беше усвоена Декларација која предвидува конкретни мерки и активности кои се поддржани од Владата на Италија и УНДП./крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

