Црна хроника
Две момчиња кои се возеле на мотор загинаа кај Пештани

Две млади момчиња загинаа во тешката сообраќајна незгода што се случи во саботата вечерта во 18 часот и 05 минути на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на околу 400 метри од пешачкиот остров пред влезот на хотелот Десарет. Од здобиените повреди, на лице место починал Александар Л. (26) од Охрид а на пат према Општа болница во Охрид, во возило од брза помош починал Виктор С. (22) од селото Ваташа-Кавадарци.
Двете починати лица се наоѓале на моторцикл марка „Гилера“ со охридски регистарски таблици и по коловозот се движеле од правец на Св.Наум кон Охрид. На критичното место, моторциклот преминал на левата сообраќајна лента и со предниот дел удрил во левата предна страна од патничко моторно возило марка „Фолксваген транспортер“ со германски регистарски ознаки. Ова возило се движело од спротивната насока, управувано од Ф.Е. (32) од Дрезден-Германија.Починатите, немале заштитни шлемови во моментот на управување на моторциклот.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и вешто лице. За време на увидот кој траеше до 21 часот, сообраќајот, до 20 часот и 25 минути беше запрен во двата правци а потоа физички регулиран со наизменично пропуштање на моторните возила.
По наредба на јавниот обвинител, во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција врз сега починатите а ќе биде извршено и дополнително вештачење врз моторциклот. /крај/мф
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.