Македонија
„Разбуди се“ се лути зошто Јанкулоска не реагирала на изјавите на Дачиќ
Граѓанското Движење “Разбуди се!“ остро ја осудува изјавата на српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дациќ којшто при средбата со неговата македонска колешка Јанкулоска во Скопје изјави дека ја смета Република Косово како составен дел од Србија, стои во соопштението на организацијата
Движењето Разбуди се! смета дека некоментирањето од страна на министерката Гордана Јанкулоска на оваа изјава на нејзиниот Српски колега претставува одобрување на вербалната агресија на Дачиќ кон Република Косово, соседната држава којашто ја признавме и со која што воспоставивме дипломатски односи.Во соопштението стои дека „Разбуди се!“ ги потсетува сите кои што се уште се двоумат со новата реалност во Западен Балкан дека независноста на Република Косово е неменлива, подржана од сите Албанци каде и да се и потврдена од страна на Меѓународниот суд на правдата, Генералното собрание на Обединетите нации и е признаена од огромнотo мнозиство на светските демократии.Што се однесува до темата на разговорот помеѓу двјацата министри околу слободнотo движење на граѓаните само со лични карти на граничните преминипомеѓу Србија и Македонија, Граѓанското движење „Разбуди се !“ смета дека приоритет на Македонија се воспоставување на такви договори час поскоро со Албанија и Косово заради многу предности вклучувајќи ги роднинските и националните врски помеѓу Албанцните во регионот, трговската размена со овие земји како и предноста на користење на албанското поморско пристаништа во Драч и косовското во Шенѓин преку автопатот на нацијата како и многу други предности, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

