Економија
Кралската свадба ќе и донесе 730 милиони евра на британската економија
Свадбата на принцот Вилијам и неговата девојка Кејт Мидлтон може на британската економија да и донесе 620 милиони фунти (730 милиони евра) поради зголемувањето на потрошувачката што се очекува да биде предизвикана од настанот, покажуваат анализите.
Купувањето храна и пијалоци за прославата на кралската свадба се очекува да донесе 380 милиони евра, покажуваат податоците на бирото за економски истражувања „Вердикт“.
Продажбата на чаши со сликите на двојката и на други сувенири се очекува да донесат најмалку 30 милиони евра во економијата. Приходите од настанот во транспортниот сектор и во туризмот се проценуваат на околу 250 милиони евра.
„Ова може да изгледа многу, но треба да се има предвид фактот дека овој голем настан ќе има влијание во целиот свет, не само во Велика Британија“, се вели во соопштението по повод истражувањето на „Вердикт“.
Информацијата за веридбата и претстојната свадба на принцот Вилијам беше поздравена како добра вест од економските кругови во време кога земјата презема мерки за зајакнување на економијата. „Оваа изненадување е добредојдено. Кафеаната, хотелите, рестораните ќе бидат попрофитабилни поради зголемувањето на потрошувачката“, истакнал аналитичарот Маноло Ладва од ЕТХ Капитал. /крај/бгнес/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

