Македонија
Потпишан меморандум за заедничко управување со Дримскиот басен
Во петокот попладне во албанската престолнина Тирана беше потпишан меморандум за заедничко управување со Дримскиот басен меѓу Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.
Во петокот попладне во албанската престолнина Тирана беше потпишан меморандум за заедничко управување со Дримскиот басен меѓу Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.Контролата и координацијата на водите и биодиверзитетот во Дримскиот слив се дел од обврските опфатени во Меморандумот за заедничко управување со басенот на реката Дрим на Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.Меморанудмот, во Тирана го потпишаа македонскиот министер за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и неговиот албански колега Фатмир Медиу, како и заменик министерот за земјоделство и рурален развој на Црна Гора, Велизан Вујуиновиќ, заменик министерот за екологија на Косово, Илир Мирена и секретарот за води при Министерството за животна средина на Грција, Андреас Андретакис на конференцијата „Дримскиот дијалог-процес за прекугранична соработка за заштита на Дримски басен“. Неговата ратификација ќе значи заедничко управување со басенот на реката Дрим на државите низ кои тече.„Меморандумот е резултат на неколкугодишната соработка на петте држави околу Дримскиот слив што ги опфаќа Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро и сливот на реката Дрим“, рече министерот Адеми посочувајќи дека Република Македонија ги преземала сите обврски околу координцијата, соработката и инвестирањето и оти е подготвена да ги исполни и сите обврски предвидени со меморандумот .Идејата за договорот, според него, е државите да соработуваат околу менаџирањето со сливот на реката Црн Дрим, реализацијата на проекти, како и подобра координација за повелкување на средстства за Дримскиот слив.„Реката Дрим, која се протега преку државните граници, ни овозможува да промовираме позитивна политичка волја за соработка што, се надевам, ќе резултира со обезбедување на предуслови за одржлив развој на регионот имајќи на ум дека тој претставува кохезија на потребите на државите поврзани со животната средина и енергијата“, нагласи Адеми.Во рамки на посетата на Тирана во петокот, министерот Адеми оствари средба со албанскиот колега Медиу на која беше разговарано за заеднички заложби околу зачувувањето на животната средина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

