Македонија
СДСМ – ВМРО-ДМПНЕ да ја смири нервозата
Опозициската СДСМ денеска ја обвини владеачката партија дека ги дискредитира новинарите и невладиниот сектор.
Опозициската СДСМ денеска ја обвини владеачката партија дека ги дискредитира новинарите и невладиниот сектор.
Според реакцијата на опозицискиот блок, ВМРО- ДПМНЕ ги користи невладините партии за промоција на сопствени проекти, како последниот за „Скопје 2014“, или пак, за критики упатени кон Бранко Црвенковски и СДСМ.
Најмногу, се вели во реакцијата на СДСМ, ги користи за перење пари и основање фантомски владино-невладини организации, кои што ги користи за свои потреби.
СДСМ го повикува премиерот Никола Груевски и неговата партија да ја контролираат нервозата и да не го злоупотребуваат невладиниот сектор и новинарите во политички цели. /крај/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија
Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи.
-И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија. По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници. Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат. Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги “испере”, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Во најдолгиот месец од годината 988 вработени во инспекторатите сè уште немаат плата, Деаноски го обвини Министерството за финансии
Вработените во сите инспекторати во државата сè уште чекаат плата иако измина законски предвидениот рок за исплата. За доцнењето на платата денес извести претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, на протестот за повисоки плати пред Државниот завод за статистика.
„Сакам да ве информирам дека во овој момент 988 вработени сè уште немаат добиено плата за декември. Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии, кое навреме не си ги презеде своите обврски, а во согласност со законските измени, 988 вработени оставени се без плата, без вратени кредити и без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера, истече и законскиот рок за исплата на плата, која се исплаќа најдоцна до 15 во месецот и сè уште нема информација кога и дали вработените во инспекторатите ќе ги добијат своите плати“, рече Деаноски.
„Макфакс“ денес не доби објаснување од Министерство за финансии за причините за доцнењето на патите на вработените во инспекторатите.
Македонија
Андоновски: Првпат закон за пристапност на лицата со попреченост до државните веб-страници и апликации
Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, на која министерот Стефан Андоновски, имаше поздравно обраќање.
Андоновски ја истакна целта на Владата за создавање на целосно инклузивно дигитално општество.
„Создаваме правна рамка што ќе им оозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно учество во дигиталното општество.“
На јавната расправа беа присутни претставници од државните институции, невладиниот сектор, меѓународните организации и академската заедница, демонстрирајќи го значењето на оваа законска регулатива за македонското општество.
„Овој закон е суштински чекор кон обезбедување целосна пристапност на владините веб-страници за лицата со попреченост. Ова е прашање кои со помош на технологијата, ќе овозможи основни човекови права и еднаков пристап до информации и услуги за сите граѓани”, истакна Андоновски.
Законот, кој произлегува од Директивата на ЕУ 2016/2102, предвидува сеопфатни мерки за обезбедување пристапност, вклучувајќи лесна и разбирлива пристапност до содржината, оперативност на интерфејсот и одржливост на техничката имплементација. За следење на спроведувањето на законот, Министерството за дигитална трансформација ќе се посвети на усогласеноста, обезбедувањето обуки и издавањето технички упатства.
„Нашата визија е јасна – градиме дигитална држава во која секој граѓанин, без исклучок, ќе има еднаков пристап до информации и услуги. Овој закон е дел од пошироките заложби на државата за исполнување на задачите од Реформската агенда, Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост од 2011 година“, нагласи Андоновски.
„Знаеме дека овој процес бара време и ресурси, но ова е инвестиција во подобра иднина во која дигиталната трансформација навистина не остава никого зад себе. Иднина во која технологијата ги руши, а не ги создава бариерите”, кажа министерот.