Свет
Руската армија ќе може да дејствува и надвор од границите на државата

Руската Дума и’ одобри на Руската армија превентивни напади во странство за да ја заштити државата
Со гласањето во рускиот парламент се одобрува законски проект кој му дозволиува на рускито претедател кој воедно е и врховен командант на воените сили, без објавување на војна или каква и да е претходна најава да ги исрпати единиците во странска држава заради учество во порбени операции.Рускито претседател отсега без консултации и одбрување на владата и Советот на Федерацијата, гормниот дом на парламентот,, може да испрати војска во кој и да е дел од светот заради, како што се наведуваа- „во борба со меѓународнито тероризам и спречување на напади врз Русија кои се подготвуваат во други држави, напади врз руски воени бази во странски земји, борби со гусари, односно ткн. превентивно дејстување надвор од руските граници“.Според поодржувачите на оваа одлука, доколку овој закон бил донесен лани, Русија ќе можеше да дејствува „превентивно“ и да го спречи нападот на Грузија врз Јужна Осетија.Опозицијата, пак, смета дека одредбите од законот се многу широки и дека можат да се толкуваат произволно.Западните аналитичари забележуваат дека последните години Русија се обидува да го поврати реномето на воена суперсила. И во тојпоглед покрај вложувањата во наменската индустрија презема и други чекори во политчка смисла. Така, на пример, со повеќе држави од поранешнито СССР го направи воено-политичкито сојуз, ги обнови некогашните сеоветски бази во Индискиот Океан, во Јемен, Либија и во Сирија, планира враќање на Куба и користи бази во Венецуела. Притоа Русија стана главен снабдувач со оружје на левичарските режими во Јужан америка, во Боливија и Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Очекуваме почеток на преговорите за пристапување во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека имал телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дека ѝ се заблагодарил за нејзината солидарност со Украинците по нападот на Русија врз Украина.
Зеленски потсети дека главна цел на нападот бил Киев, како и дека се во тек операции за пребарување и спасување.
Тој изјави дека разговарал со претседателот на ЕК за дипломатска работа за „запирање на убиствата и руската агресија воопшто“, како и за гарантирање на вистинска безбедност за Украинците.
„Разговаравме и за нашиот пат кон европска интеграција, за истовременото отворање на преговарачкиот кластер за Украина и Молдавија. Очекуваме позитивна одлука во блиска иднина“, нагласи Зеленски, пренесува порталот РБК Украина.
Зеленски нагласи дека сè додека Русија не преземе вистински чекори кон мирот, притисокот врз неа мора да се зголеми.
Како што изјави, фон дер Лајен го информирала за подготовката на нов пакет санкции и координацијата со другите партнери.
Фото: принтскрин
Свет
Стармер: Путин го саботира мирот, зградата на Британскиот совет во Киев беше бомбардирана

Британскиот премиер Кир Стармер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „го саботира мирот“ откако руските сили испукаа две ракети кон зградата на Британскиот совет во Киев утрово.
Премиерот потврди дека канцелариите на Британскиот совет биле погодени и додаде дека сочувствува со „сите погодени од бесмислените руски напади врз Киев“.
„Путин убива деца и цивили и ги саботира надежите за мир. Ова крвопролевање мора да заврши“, напиша Стармер на платформата X.
Британскиот совет, кој нуди програми на англиски јазик за Украинците во главниот град, соопшти дека неговите канцеларии се „сериозно оштетени“ и дека еден ноќен чувар е повреден. Во јуни, Москва им забрани на граѓаните да работат со институцијата, тврдејќи дека тоа е параван за британски шпиони.
Зградата во која се наоѓа делегацијата на Европската Унија во Киев, исто така, беше тешко оштетена во нападите, според официјални лица на ЕУ, кои го нарекоа нападот „намерен“.
Русија испали вкупно 629 дронови и 31 ракета, при што загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи четири деца, јавуваат светските медиуми.
Русија тврди дека во синоќешните напади гаѓала воени објекти користејќи хиперсонични ракети.
Фото: принтскрин
Регион
15-годишно девојче загина по удар од автобус во Земун, повредени се неколку лица

15-годишно девојче загина денеска во сообраќајна несреќа во Земун, додека четири лица се пренесени во болница, меѓу кои бремена жена и шестгодишно дете, пишуваат медиумите во регионот.
Девојчето што починало било удрено од автобус, по што се судриле три патнички возила, според Танјуг.
Според сведоците, жена трчала преку улицата, а возачот на автобусот се обидел да ја избегне, па всушност преминал на тротоарот, каде што го удрил детето.
И јавното комунално претпријатие GSP се огласи по повод тешката сообраќајна несреќа во Земун во која девојче (15) почина кога беше удрено од автобус а неколку лица беа повредени, стои во написите на српските медиуми.
„Денес околу 12:20 часот, на улицата Цар Душан на број 136, се случи тешка сообраќајна несреќа со смртоносен исход и неколку полесни повреди. Во оваа несреќа учествуваа неколку патнички возила и автобус од линија 18 што ја напушти гаражата и се упати кон терминалот за да се вклучи во сообраќајот. Околностите под кои се случи оваа сообраќајна несреќа се уште се непознати и полицијата работи на нивно утврдување“, изјави GSP.
Како што пишува „Телеграф“, автобусот се обидел да избегне жена која трчала преку улицата надвор од пешачкиот премин, поради што свтел на тротоарот, удирајќи го девојчето кое завршило под возилото. На патот, тој удрил во неколку паркирани автомобили, а потоа се забил во порта на куќата.
Телото на девојчето било извлечено од под автобусот од пожарникари, а екипите за итни случаи можеле само да констатираат смрт. Во несреќата биле повредени десет лица, меѓу кои деветмесечна бремена жена, мајка и шестгодишно дете, 74-годишна жена.
Фото: принтскрин