Македонија
Изгоре свињарска фарма во Велес
Изгореа свињарска фарма на клучката кон автопатот Велес – Скопје, сопственост на Живко Лазов јавува Лисица.
Изгореа свињарска фарма на клучката кон автопатот Велес – Скопје, сопственост на Живко Лазов јавува Лисица.
Тој остана и без земјоделската механизација откако утрово избувна пожар во неговата фарма. Пожарот го забележале случајни минувачи кои ја алармирале пожарната служба и полицијата.
„Гасевме со две линии од две страни, имаше две експлозии, првата ја предизвика тракторот. Според кажувањата на сопственикот во просторијата имало 300 литри нафта. Пожарот го гасневме час и половина“ рече командирот на смена, Љупчо Лепидевски.
Како настанал пожарот кој најнапред се појавил на горниот спрат каде се чувале лесно запаливи средства полицијата ќе соопшти по завршување на целосниот увид.
Сопствениците се сомневаат дека пожарот е подметнат. Сомнеж постои и кај пожарникарите.
„На самото место на влезната врата, на капијата од страната на патот значи видовме дека ланецот е пресечен, а катанецот не е отклучен. Потоа сопствениците ме прашаа дали ние видовме дека било провалено бидејќи и на долниот дел, а и на балконската врата беа скршени цилиндрите односно алките беа пресечени. Значи се сомневаат дека подметнатиот пожар е од горниот кат на објектот“ рече Лепидовски.
Првичните нецелосни проценки се дека настаната материјална штета е три милиони денари. Сопственикот на фармата е татко на поранешниот пратеник Горанчо Лазов./крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

