Свет
Русија ќе гради балистички проектил тежок 100 тони за пробив на одбраната на САД
Русија ќе развива нов интерконтинентален балистички проектил (ИЦБМ) на течно гориво кој ќе може да го надвладее претстоечкиот американски систем за одбрана од проектили, изјави во петок началникот на единиците за стратешки проектили, генерал-мајорот Сергеј Каракајев.
Русија ќе развива нов интерконтинентален балистички проектил (ИЦБМ) на течно гориво кој ќе може да го надвладее претстоечкиот американски систем за одбрана од проектили, изјави во петок началникот на единиците за стратешки проектили, генерал-мајорот Сергеј Каракајев.
„Проектот се состои од создавање на нов вид на тежок проектил кој ќе се лансира од силос, тежок 100 тони и кој ќе има засилена способност да го пробие хипотетичкиот американски систем за одбрана од проектили“, вели тој.
Новиот проектил би го заменил постоечкиот ИЦБМ „Војевода Р-36М2“.
Генералот истакна и дека постоечките проектили на тврдо гориво најверојатно нема да бидат способни да го пробијат американскиот систем за одбрана и додаде дека неговата единица в година ќе тестира 11 ИЦБМ.
САД и Русија се во жесток спор околу предвидениот американски систем за одбрана од проектили, кој треба да биде поставен во Европа и кој треба да штити од ракетни напади од Иран и од други „нефункционални“ држави.
Русија, пак, тврди дека Иран нема ниту технологија, ниту, пак, индустриски потенцијал да произведува проектили кои би ја загрозиле територијата на Европа и смета дека американскиот одбранбен систем е насочен против Русија. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

