Македонија
Македонија усогласила само 46 од вкупно 108 ЕУ закони

Македонија назадува во исполнувањето на европските закони,од вкупно 108 владата донела само 46 закони со европското знаменце,покажуваат резултатите од кварталниот извештај на Институтот отворено општество и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).
Македонија назадува во исполнувањето на европските закони, од вкупно 108 владата донела само 46 закони со европското знаменце, покажуваат резултатите од кварталниот извештај на Институтот отворено општество и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).Според мониторингот на МЦЕО и Институтот за отворено општество, голем дел од донесените закони на владата минатата година не се според програмата НПАА 2009/10 година која подразбира целосно преземање на законодавството од ЕУ.„Весела математика се тврдењата на владините претставници дека земјава исполнила 75 проценти од ЕУ законите. Овој извештај јасно покажува дека од вкупно 184 донесени закони само 46 се со европското знаменце, додека останатите се антикризни закони на владата“,вели Лидија Димова од МЦЕО.Според Димова забележан делумен напредок во земјава има само во донесувањето на законите од областа на полицијата, царината и статистиката, додека како проблеми кои се уште и пречат на земјава во еу -интеграциите се големите измени на веќе постоечките закони, паѓањето на голем број на закони пред Уставниот суд, донесување на закони по скратена постапка, како и спорот за името со Грција.Димова смета дека најдобро време за решавање на спорот со Грција е до јуни годинава, додавајќи дека Македонија во моментов нема потреба од предвремени избори.Според нив владата во наредниот период треба во целост да се ангажира во усогласувањата на македонските со ЕУ законите, во делот на изготвување на подзаконските акти од законот за државна администрација, зајакнување на внатрешната контрола и во делот на ревизијата./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.