Контакт

Македонија

Разрешен директорот на скопската Зоолошка градина

Објавено пред

Директорот на зоолошката градина во Скопје Анастас Петров денес е разрешен од функцијата по устен пат, јави Макфакс. Во четвртокот Петров имаше итнервју за Форум, за кое во петок побара да не биде обајвено, зашто, како што ни рече, утрото бил усно информиран дека ќе биде разрешен

dobivaj vesti na viber

Анастас Петров, директорот на Зоолошката градина во Скопје, е разрешен од својата функција. Се’ уште не е официјално писмено потврдена, но директорот на Зоолошката ни потврди дека е усмено разрешен од својата функција. Од Советот на град Скопје, пак, не’ информираа дека се’ уште се преиспитува работата на неговата работа како директор. Причините за усменото разрешување се’ уште не се познати, ниту кој му ја врачил одлуката за негово разрешување. Во Зоолошката градина минатиот петок почина камила од пукање на желудникот бидејќи од несовесните посетители на Зоолошката и биле дадени кеси од грицки, што можеби е една од причините за разрешувањето на директорот, како и вкупната лоша состојба на Зоолошката чие обновување се оддолжи во времето на претходниот скопски градоначалник Трифун Костовски. Во четртокот Форум направи итнервју со г-дин Петров, токму за состојбата во која се наоѓа Зоолошката градина и грижата за животните. Притоа, нашиот соговорник, од неразбирливи причини за нас – одби да биде фотографиран. Во интерес на јавноста, Форум ви го презентира разговорот со, како што стојат сега работите, директорот на заминување на скопакста зоо-градина.Зоолошката градина загуби уште еден свој член минатиот петок камилата која беше родена  и  целиот свој живот го мина во Скопје. Поради несоодветната исхрана од несовесните граѓани, таа почина од прскање на желудникот бидејќи во неговата содржина биле пронајдени кеси од „смоки“ и разни прехранбени продукти кои и ги давале посетителите. Овој инцидент беше немила но сепак доволна причина за Форум да направи интервју со директорот на Зоолошката градина во Скопје, Анастас Петров, за од прва рака да ни објасни со какви проблеми се соочува зоолошката градина, но и за плановите за нејзиното реконструирање.Форум: Смртта на камилата во петокот  беше предизвикана од несовесните постапки на граѓаните на Скопје.  Што се презема во западните земји за да се пречат ваквите инциденти? Анастас Петров: Има неколку фактори кои влијаат на ваквите работи. Старите живеалишта се изградени на таков принцип така што посетителите доаѓаат во директен контакт со животните. Можете да го погледнете и самото живеалиште. Животните се  директно изложени на посетителите. За да се промени тоа, важни се неколку фактори. Изградба на нови живеалишта каде условите ќе бидат малку поинакви. Обично се прават суви канали и двојна ограда за да животното биде многу подалеку од самите посетители или воопшто да не биде во контакт со посетителите. Нормално ако некој фрли нешто преку оградата, тоа ќе биде многу поретко отколку кога директно може да се дојде до животното и да се храни директно од рака. Вториот фактор е едукацијата. Да се развива едукативниот програм кај младите каде преку слики се прикажува на најмладите што би се случило со несоодветното хранење. Мислам дека тоа е најделотворен начин за развивање на свеста, грижата и љубовта кон животните, но и кон природата. Дали превентива би било да се забрани на посетителите да внесуваат храна несоодветна за животните уште на самиот влез во Зоолошката градина?Во сите зоолошки градини, не само кај нас, и во странство има разни продавници и шопови во самите зоолошки каде се продава се и сешто, па многу тешко би можело тоа да се спроведе. Секој ако сака нешто да внесе, во секој случај ќе го внесе и, на крајот на краиштата, некој што поминува 5-6 часа во Зоолошката, не можете да му забраните да купи некој пијалак или јадење.

Дали би можело тоа да се направи со кампањи кои ќе се обратат до младата популација да се подигне свеста за однесувањето во Зоолошката градина, со цел да се спречат вакви инциденти?Да, планираме изградба на едукативен цетар, каде ќе се развива свеста кај најмладитеи  каде би им се прикажале сите природни процеси преку забава и игра и би се едуцирале во поглед на тоа како да се однсуваат спрема животните. Тоа би била едукација на една цела генерација преку информативните табли и информациите за животните. Во зоолошките во Европа се градат ЗОО лаборатории каде се врши целата ЗОО едукативна програма.

Забележав дека се градат нови живеалишта и се реконструираат старите. На кој принцип ќе бидат изградени  живеалиштата за животните?Да, започната е реконструкцијата на живеалиштата, а некои веќе се завршени. Тоа се доста големи живеалишта и со соодветна забава на животните во самото живеалиште. Оние делови кои тие ги имаат во  природата се ставени во живеалиштата така да тие животни веќе не одат до оградата како што е новото живеалиште за берберски овци. Тие не одат до оградите да бараат од посетителите да бараат храна, туку се движат во својот реон. Имаат вештачка карпа во средината и претежно се таму сместени. Додека беа сместени во стариот дел беше истата приказна. Постојано доаѓаа посетителите до оградите, беа хранети со се и сешто, а сега тоа е веќе спречено.  Самите животни добија некаков природен амбиент и имаат своја група и се движат во својот реон.

Колку нови  живеалишта за животните до сега се направени и колку се во план да се направат?Не беше само проблемот во живеалиштата во реконструкцијата на Зоолошката градина, имавме проблеми и со инфраструктурата и со оградата од зоолошката која ја дели зоолошката со паркот. Порано имаше комуникација со животните од посетителите во градскиот парк, па се направи еден ограден  ѕид од несакани влегувања, од посетители или од улични животни. Мораше да се направи нова инфраструктура  од типот на канализација, водовод, остана  уште мрежното поврзување на струјата. Трета работа беше и греењето. Знаете и самите дека кај нас греењето се исклучува во 10 часот, а имаме тропски животни кои во текот на ноќта остануваат без греење, како што се животните во терариумите. Новите живеалишта почнаа  да се опремуваат со индивидуално греење  кои и преку ноќта ќе го затоплуваат живеалиштето. Веќе се изградени живеалиштата за тигрите, берберските овци, елени, и белоглавите мршојадци, а за мајмуните, мечките и лисиците се при крај и за неколку месеци би требало да бидат готови. Белоглавите орли во природата се во изумирање, а во нашата заоолошка имаме 17 орли, така што имаме навистина успешна репродуција на орли. Во новото живеалиште за орлите тие можат и да летаат бидејќи е со димени 25 на 20 метри. Закочени сме од самите тендери кои долго траат.

А што ќе стане со старите живеалишта кои повеќе нема да бидат во употреба?Старата мајмунара се испразни, таа повеќе не е соодветна, а веќе имаме во план да од неа направиме едукативен центар кој веќе го споменав каде што ќе ги едуцираме посетителите. Старата слонара би се преименила за нилските коњи, а би се направило и езеро за истите. Веќе имаме неколку донации. Имаме во план реконструкција на живеалиштата на аксис елените, антилопите, па тоа би била една мала азиска сала. Шимпанзото Коко се врати во Скопје во новото живеалиште.

До кога би биле готови планираните проекти?Се има лоша претстава дека едно живеалиште треба да се изгради за многу кратко време, меѓутоа од самото планирање до сите детали кои треба да се направат, планирањето, тренингот на ЗОО-негувателите, воведување на животните во самото живеалиште. Минимално време е две до три години. Едно живеалиште од почетокот, планирањето набавување тендери и средства, уредување на самото живеалиште со реквизитите одзема доста голем период.

Колкав е превидениот буџет за изградбата на живеалиштата и од каде ги добивате средствата? Донациии, странски инвестици, од продажбата на билетите или Градот Скопје?Како што знаете, ние спаѓаме под градот Скопје, па така и средствата се од град Скопје, нешто се донации од Владата на Р. Македонија, нешто од спонзорства, а и од сопствени средства, од продажба на билети.

Дали имате во план да донесете нови  егзотични животни кои не се својствени за ова поднебје?Да, во самиот мастер план на зоолошката е да донесе уште егзотични животни. Тука би била, како што напоменав, тропската куќа, стариот ѕверовник би се реконстуирал во живеалиште за јагуари и животни од Јужна Америка, како на пример мали мајмуни, птици итн., потоа нови живеалишта за лавови и жирафи. Постојано ќе се носат нови животни.

Како се движи посетеноста на Зоолошката градина? Дали е забележан пад или пораст во посетеноста во однос на минатите години?Има благ пораст во посетеноста. Сега имаме околу 100 илјади посетители годишно. Од 80 до 100 илајди посетители на годишно ниво.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници“

Објавено пред

Од

Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работниц, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на пратеникот Бране Петрушевски.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека државата нема пари за основно функционирање. Тоа Владата го потврди со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзници, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ. Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат. Како што рековме, кредитите за пополнување на дупката во буџетот од моменталните 2 милијарди, а таа ќе биде и многу поголема, мора некако да се вратат… како? Преку мигранти. Така функционира тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ. ВМРО води политика на „шибицарење“. Додека граѓаните ги читаат нивните измислици, пред нос ни носат 10.000 „економски работници“. Ќе објават лажна вест за „Дубаи“ или за „виза“, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието, за кој не смее да се зборува а целото внимание се насочува кон измислената виза“, пишува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ објавуваат измислица „Венко гради 42 ката во Дубаи“, а тие во меѓувреме протнуваат закон за странци како вовед за носење мигранти.

„Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а тие носат 10.000 „економски работници“. Секојпат исто, лажни вести што СДСМ мора да ги демантира, за да не попречат во објавувањето на нивниот криминал и да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните. Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема: мигранти за пари. Затоа, граѓани на Македонија, знајте дека секогаш кога ќе излезе некоја измиелсна, фабрикувана афера, таа служи за ДЕФОКУС. Во позадина да се протурка она за што СДСМ зборува веќе два месеца. Каде се одговорите за дупката во буџетот, ниските плати и пензии? Каде се одговорите за криминалните тендери? Каде се одговорите за: 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга фирма преку општините, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Секогаш кога ќе прочитате текст од Геро, соопштение од Ивона Талевска, позната по врската со Латас, преку МАН, Алфа ТВ, ВМРО… нова измислена афера од кујните на ВМРО, вие, почитувани граѓани, знајте дека уште една пљачка е во тек, а сето ова го прават за вие да не го видите тоа. Класичен дефокус, додека вратат милионски криминални тендери. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски

Објавено пред

Од

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.

dobivaj vesti na viber

Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски го честита празникот Водици

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото на народот.

dobivaj vesti na viber

„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан“, напиша тој на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија3 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија3 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет4 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет4 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија5 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет6 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ6 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија6 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија20 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет22 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија23 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија1 ден

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ1 ден

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија1 ден

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...