Свет
Обама: САД ќе продолжат да ја помагаат Европа за надминување на кризата во еврозоната
САД ќе продолжат да ја помагаат Европа во решавање на кризата во еврозоната, чиешто надминување ќе биде главното прашање на самитот на Г-20, изјави во четвртокот американскиот претседател Барак Обама.
САД ќе продолжат да ја помагаат Европа во решавање на кризата во еврозоната, чиешто надминување ќе биде главното прашање на самитот на Г-20, изјави во четвртокот американскиот претседател Барак Обама.„Најважниот аспект на нашата работа во текот на следните два дена е решавањето на финансиската криза во Европа. Претседател (Николас) Саркози покажа извонредно лидерство по ова прашање, јас се согласувам со него дека ЕУ презеде значајни чекори за негвото решавање. На самитот на Г-20 ќе треба да се разјаснат повеќе детали за тоа како планот целосно и одлучно ќе биде спроведен“, изјави американскиот претседател Обама на заедничкиот настап со својот француски колега и домаќин Саркози по билатерална средба на маргините на состанокот на „дваесетката“.Како што пренесува AFP, Обама дополни дека двете страни разговарале за ситуацијата во Грција која се соочува со тешка финансиска криза и за заедничка акција за решавање на ситуацијата.„САД ќе остане партнер на Европејците за решавање на овие прашања“, рече американскиот претседател.Грчкиот премиер Јоргос Папандреу претходно седмицава предложи да се одржи референдум во неговата земја за договорот за помошта договорена со ЕУ и ММФ, што беше дочекано со нервозни и заканувачки изјави на лидерите од еврозоната и грчката опозиција.„Големата дваесетка“, нарекувана и „Групата на дваесеттемината“ или едноставно Г-20, беше формирана во 1999 година и во прво време ги одржуваше своите средби на ниво на министрите за финансии. Во составот на Г-20 всушност вклегуваат 19 земји: Австралија, Аргентина, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Канада, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција, Франција, Јужна Кореја, Јужна Африка, Јапонија и како 20-та Европската унија, којашто е претставувана од државата Претседавач со ЕУ во моментот на одржувањето на самитот и од првиот човек на Европската централна банка. Овие земји имаат 90 отсто до светскиот БДП, 80 проценти од светската трговија и три четвртини од светското население./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

