Македонија
Ќе соработуваат Здравство и Фондација за трансплантација
Меморандум за соработка за реализирање на заеднички проекти, потпишаа денеска Министерот за здравство, Бујар Османи и директорот на Националната фондација за трансплантација (НФТ), Владимир Чадиковски.
Меморандум за соработка за реализирање на заеднички проекти, потпишаа денеска Министерот за здравство, Бујар Османи и директорот на Националната фондација за трансплантација (НФТ), Владимир Чадиковски.
Потпишувањето на меморандумот беше во присуство на претставници на граѓанските организации „Нефрон“, „Хепта“, и „Пеперутка“.
Според министерот Османи, потпишувањето на Меморандумот е голем чекор, бидејки после долги години овој значаен сегмент од медицината кој може да спаси голем број човечки животи ќе добие нов импулс и енергија која ќе обезбеди подинамичен развој.
„За развојот на трансплантацијата, не е доволно да постои само закон, медицинска опрема или стручен кадар, туку е потребен и општествен консензус“ истакна Османи.
Со самото потпишување на Меморандумот, Османи најави дека во документот се дефинира соработката на заеднички проекти од областа на здравството во сегментот на условите за земање, разменување, пренесување и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.
„Европскиот Парламент во раните 80-ти години во преамбулата на Резолуцијата посветена на трансплантацијата има запишано дека развојот на демократијата на една држава се проценува и преку системот на трансплантација во таа држава“ додаде Османи.
Владимир Чадиковски, директор на Националната фондација за трансплантација ги изрази своите очекувања дека по 15 години со потпишувањето на Меморандумот ќе им се овозможи помош на голем број луѓе во државата.
„До крајот на јуни годинава, ќе биде изготвена нацрт-верзија која ќе ги содржи основните параметри на оваа тема, а истата ќе биде предадена на разгледување на Министерството за здравство, на Лекарската комора и на медиумите“ рече Чадиковски./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

